Луври (грчки: Λούβρη) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 49 жители (2021).

Луври
Λούβρη
Луври is located in Грција
Луври
Луври
Местоположба во областа
Луври во рамките на Горуша (општина)
Луври
Местоположба на Луври во општината Горуша и областа Западна Македонија
Координати: 40°14′N 21°18′E / 40.233° СГШ; 21.300° ИГД / 40.233; 21.300
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКожански
ОпштинаГоруша
Општ. единицаЦотил
Надм. вис.&10000000000000750000000750 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно49
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од градот Лапчишта и на 5 км западно од селото Цотил, крај патот што води за Гребен, на надморска височина од 750 м.[2]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во ХІХ век Луври било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Луври живееле 200 Грци.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Луври е претставено како чисто грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот санџак со 40 куќи.[4]

По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Луври (Louvré) има 200 Грци.[5]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Луври живееле 262 Грци христијани.[6]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 304 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 205.[2]

Стопанство уреди

Населението одгледува жито, компири и други земјоделски производи, а помалку внимание посветува на сточарството.[2]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 159 114 92 52 52 62 42 51 49
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 6 квадратни километри.[2] Општината Луври била приклучена во општината Цотил во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Горуша.

Селото припаѓа на општинската единица Цотил со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луври, во кој влегуваат е единствено село.

Културни и природни знаменитости уреди

Цркви

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 342.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 273. ISBN 954430424X.
  4. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 76.
  5. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 226–227.
  6. Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.