Ло Маријана Каупи (родена на 19 април 1970 година) е шведска филмска и театарска глумица, режисерка и телевизиска водителка. Таа страдала од зависност од дрога и нарушување во исхраната во раните 20-ти години, но по лекувањето се опоравила и продолжила со успешна кариера во театарот, вклучувајќи настапи во Кралскиот драмски театар во Стокхолм. Каупи имала и неколку глумечки улоги во шведски филмови.

Ло Маријана Каупи

Раниот живот уреди

Каупи е родена на 19 април 1970 година во Скерхолмен, предградие на Стокхолм, Шведска. Во раните 20-ти-за време на студиите да стане фризер во Лондон-станала зависна од дрога. Таа страдала и од нарушување во исхраната.

Кариера уреди

По лекувањето од нејзините зависности, таа присуствувала на Шведската национална академија за мимика и глума во Стокхолм за да студира театар помеѓу 1999 и 2003 година. Од 1997 година, Каупи имала настапувано во неколку театарски, телевизиски и филмски продукции. Таа играла во шведскиот национален кралски драмски театар во Стокхолм во драми како „Чувство девојки –Враќањето“ во 2006 година и во Хамлет во 2007 година како Офелија.

Во 2009 година таа била на турнеја во стенд-ап шоуто Андеркавер со танчерката Ана Внук. Во 2003–05 година, таа била на турнеја со биографското соло шоу „Ќерката на планината што експлодираше“, која подоцна било објавена како книга. Во 2010 година, таа дебитирала како режисер во претставата Bergsprängardöttrar во Рикстеатерн. Таа го напишала сценариото за претставата, врз основа на разговори со практиканти и старатели, во поправните домови во Хинсеберг и Истад. Истата година таа учествувала во програмата на Свериџес Радио „Барајќи жена“, емисија за женскиот оргазам и секс. Во 2011 година таа глумела во филмот Лажна патека заедно со Питер Стормар и Ролф Ласгард, играјќи го ликот Јохана Лагер, експерт за оружје.

Во 2005 година, Каупи била водител на радио шоуто Flipper емитувано на Свериџес Радио. Каупи била соавтор на книгата „Бездомници“ и на антологијата Разговор за класа. Во 2012 година, таа била ко-презентер и беше во фокусот на СВТ шоуто „Тие нè нарекуваат глумци“. Во 2015 година, таа глумела во претставата „Бели навредени мажи“. Во март 2015 година, документарниот филм Седнете - филм за Ло Каупи ја имала својата премиера на Темпо фестивалот во Стокхолм. Документарецот го прикажувал животот и достигнувањата на Каупи.

Каупи била пејачка и гитарист на феминистичката панк група Вагина Гранде додека не се распаднале. Други членови на бендот билефилмската режисерка Миа Енгберг и политичарот од Левата партија Џозефин Бринк.

Семејство уреди

Каупи е во брак со глумицата Фиге Норлинг и парот го имаат синот Лоренс, роден во 2009година

Награди уреди

Во 2004 година, таа била прогласена за „Едукатор на годината“ од списанието Window / ABF. Таа ја добила стипендијата во 2010 година од Меморијалниот фонд на Хелена Беринг и истата година ја добила наградата Јан Фридегард.

Театарски улоги уреди

(селективно)

  • Еден месец во земјава
  • Ќерката на планината која експлодираше,
  • Елса-Лил во парите на господинот Арне
  • Хана во Чувство девојки –Враќањето
  • Офелија во Хамлет

Филмографија уреди

(селективно)

  • 1998 година– Синиот цвет на копнежот
  • 2002година– Клео
  • 2003година–Спунг
  • 2005година– Фалет Г
  • 2005година– Паразити
  • 2011година– Лажна патека
  • 2011година– Глантан
  • 2012година– Валандер – Загрижениот човек
  • 2013година– Валандер – Загрижениот човек
  • 2014 година – Вистински луѓе
  • 2017година - Во празнината

Надворешни врски уреди