Ловеч (бугарски: Ловеч) — град во северна Бугарија, административен центар на општината Ловеч и на Ловечката Oбласт. Има население од околу 32.832 жители (2022).[1]

Ловеч
Ловеч
град
Поглед на градот од паркот Стратеш
Поглед на градот од паркот Стратеш
Ловеч is located in Бугарија
Ловеч
Ловеч
Местоположба на Ловеч во Бугарија
Координати: 43°08′05″N 24°42′42″E / 43.134777° СГШ; 24.711535° ИГД / 43.134777; 24.711535
ЗемјаБугарија
ОбластЛовеч
ОпштинаЛовеч
Управа
 • ГрадоначалникСтрацимир Петков (ПП, Има таков народ и Бугарски подем)
Површина
 • Вкупна70,00 км2 (27,03 ми2)
Надм. вис.&10000000000000200000000200 м
Население (2022)
 • Вкупно32,832
 • Густина470/км2 (1,200/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код5500
Повик. бр.+359 068
Мреж. местоlovech.bg

Географија и местоположба уреди

Градот се наоѓа во планиски регион на границата помеѓу Дунавската Рамнина и старопланискиот Предбалкан, сместен на двата брeга на реката Ос’м. Одстои на 150 км североисточно од главниот град Софија.

Ловеч е еден баланс помеѓу планискиот и рамниниот релјеф. На исток е заграден од 250 метрово плато, каде се наоѓа паркот Стратеш и завршува со архитектурно-историскиот резерват „Вароша“. На југозапад, Ловеч е заобиколен од ридот Хисарјa и паркот Баш Бунар.

Историја уреди

Поради важната стратешка локација на денешниот град Ловеч, овде Римјаните ја изградиле тврдината Мелта. Во текот на средниот век, тврдината била седиште на подоцнежните бугарски владетели Иван Асен I и Теодор Петар. Во 1187 година овде бил потпишан мировниот договор со Византија, со кој започнува Второто бугарско царство.

За време на османлиското владеење, градот бил важен занаетчиски и трговски центар и поради неговиот просперитет бил наречен Алт’н Лофча („Златен Ловеч“). Револуционерот Васил Левски (1837-1873) го избрал градот за центар на внатрешниот отпор и борбата за ослободување на Бугарија.

За време на комунистичкото владеење, во близина на Ловеч постоел работен логор, каде биле убиени многу противници на режимот. Приемот во кампот е главно политички мотивиран. Тоа беше таен и еден од најсуровите логори во Бугарија.[2][3][4]

Галерија уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди