Лилјана Пандева (Ново Село (Струмичко), 1964) — македонски поет, раскажувач и романописец.[1].

Животопис уреди

Лилјана Пандева дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. На истиот факултет магистрирала на тема: „Поетските фигури на формата во македонската книжевност меѓу традицијата и иновацијата“, а докторирала на тема: „Адвербијализацијата во македонскиот јазик“.

Добитник на две откупни награди за краток расказ на „Нова Македонија“.

Автор е и на повеќе стручни трудови од областа на македонистиката.

Нејзините дела се преведувани на германски, на српски и на руски јазик.

Дела уреди

  • Новогодишни едночинки, драмулетки за деца;
  • Канцелариски колумни, раскази;
  • Љубов од А до Ш и обратно, поезија;
  • Од агендата на Калина Калин, роман;
  • Возовите на Луцерн, роман;
  • Доилката, роман;
  • Дневници на една љубов, роман;
  • Класифицирано, роман.

Награди уреди

Романот Класифицирано беше во најтесна конкуренција за Рациново признание во 2020 година.

Наводи уреди

  1. Класифицирано.ПМВ Публикации,Скопје, 2029
  2. „ДПМ ги објави добитниците на наградите за најдобри книжевни дела во 2016 година“. Архивирано од изворникот на 2020-12-05. Посетено на 6 мај 2020.
  3. „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2021 ГОДИНА“. Град Скопје. 1 ноември 2021. Посетено на 2 ноември 2021.