Ливадските почви се образуваат крај реките, во котлините и долините. Имаат жолтеникава боја. Богати се со хумус, ровки, задржуваат доволно воздух и вода и затоа се плодородни. Почвениот слој е дебел и лесно се обработува. На ливадските почви се засадуваат зеленчуци, луцерка, детелина и други култури.

Алувијално-ливадските почви се широко распространети во заливните речни тераси. Образувани се над порозни алувијални наслаги и при постојано и доволно навлажнување и ливадска вегетација. Се одликуваат со дебел хумусен хоризонт, при што секоја година се натрупуваат минерални материи во почвените хоризонти.