Ласес Биргита (починала во 1550 година) била наводна шведска вештерка. Таа била првата жена погубена поради магија во Шведска.[1]

Во април 1550 година, Ласес Биргита, што значи „Биргита, сопругата на Ласе“, од Алгуцрум во Оланд, им признала на судскиот извршител и на секретарот на замокот Калмар дека се обидела да разбуди мртов човек на гробиштата Кастлоса на полноќ.

Една ноќ, Биргита и двајца мажи влегле во црковниот двор со намера да разбудат еден од мртвите со помош на магија. Биргита го поминала местото трипати, кружејќи и потоа дувала во клучалката на црквата додека истата не се отворила. Таа се обидела да ја земе црковната одежда, но не успеала бидејќи не ја нашла, по што ја заклучила вратата на црквата на ист начин на кој што ја отклучила. По вториот обид, во друга прилика, таа успешно ја земала одеждата, ја поминала црквата трипати наспроти сонцето, се откажала од Господ и се заколнала себеси на Ѓаволот. Судот ја осудил Бригита за вештерство и ја осудил на смрт со обезглавување. Мажите кои ја придружувале добиле парични казни.

По судењето на Биргита, шведскиот лов на вештерки останал повеќе или помалку неактивен до 1590-тите, а вистинската хаварија со вештерките била не се случила сè до 1668 година. Последната личност која била погубена поради волшебство во Шведска била Ана Ериксдотер.

Наводи уреди

  1. Bengt Ankarloo:Satans raseri : en sannfärdig berättelse om det stora häxoväsendet i Sverige och omgivande länder (2010) (in English: Rage of Satan) (in Swedish)
  • Бенгт Анкарло: Сатаните расери : en sannfärdig berättelse om det stora häxoväsendet i Sverige och omgivande länder (2010) (на англиски: Rage of Satan) (in Swedish)