Ламберто Ѕаули (роден во Рим, на 19 јули 1971) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов ја предводи екипата на Реџана.

Ламберто Ѕаули
Лични податоци
Роден на 19 јули 1971(1971-07-19)(52 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус (Примавера)
(тренер)
Младинска кариера
Гросето
Модена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988–1990 Модена 3 (1)
1990-1991 Чентезе 23 (1)
1991–1992 Фано 28 (4)
1992 Модена 2 (0)
1992-1993 Равена 9 (1)
1993-1994 Кревалкоре 23 (4)
1994-1997 Равена 89 (16)
1997-2001 Виченца 117 (15)
2001-2002 Болоња 27 (6)
2002-2005 Палермо 69 (14)
2005 Сампдорија 8 (0)
2006-2007 Болоња 49 (6)
2007-2008 Кремонезе 24 (4)
2008-2009 Беларија Игеа 21 (1)
Тренер на екипи
2009–2010 Беларија Игеа
2010–2011 Фано
2012 Реџана
2013- Реџана
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Како играч, тој бил наречен Зидан во Серија Б[1][2][3] и принцот (на итал. il principe).[4]

Технички одлики уреди

Играл на позицијата плејмејкер и имал моќна фигура;.[4] бил многу интелегентен додавач и разигрувач на топката[4] и поседувал чувство за цел[4].

Кариера уреди

Играч уреди

Заули израснал во Гросето, каде што неговиот татко работел како анестезиолог (но и поранешен играч на црвено-белите). Ламберто почнува да игра во младите категории на Гросето, но подоцна тој се сели во друг клуб во близина, Модена која го класифицира во јуниорскиот состав. Потоа пристигнува во Равена и придонесува за неговата прва промоција во Серија Б во сезоната 1995-96, а потоа ја одиграл најдобрата сезона досега за жолто-црвените во кадетското првенство во 1997. Следната сезона, тој направил скок во Серија А, во редовите на Виченца, клуб кој штотуку го освоил италијанскиот куп со Франческо Гвидолин на клупата. Во сезоната 1997-1998 играл во Купот на победниците на куповите, каде што Виченца стигнала до полуфиналето, против Челзи. По победата со еден гол во првиот натпревар, тимот е елиминиран од сините , а потоа и победници на турнирот.

Голем дел од неговата кариера е преплетен со оној на Гвидолин, со кого ќе споделат сезони на соработка и во Болоња и Палермо.

Во својата единствена сезона во Болоња, тој замалку неуспеал да се пласира со својот тим во квалификациите за Лигата на шампионите, откако Болоња влегла во серија на лоши резултати кон крајот на првенството. Сепак, Заули имал одличен придонес за освоеното солидно 7. место на крајот од сезоната, постигнувајќи 6 гола во Серија А од кој само еден не се покажал во победа за својот тим (поразот со 2-1 од шампионот Јувентус во Торино). Во следните сезони, тој го носел дресот на Палермо,[5] придонел за историско враќање на сицилијанците во Серија А и веднаш квалификација во Купот на УЕФА со освоеното 6. место во првенството. Во сезоната 2002-2003 тој бил сериозно повреден во судир со Џанлука Грасадонија од Каљари, натпреварот завршил 1-1, а фрактурата на десната нога го вади Заули надвор од акција за четири месеци.[6]

Во сезоната 2005-2006, преминал во Сампдорија, со која одиграл само половина сезона, собирајќи неколку настапи во лигата и Купот на УЕФА. Во јануари, се вратил назад во Болоња. Во 2007 направил трансфер во Кремонезе на Емилијано Мондонико, кој играл во Серија Ц1, а стигнал до плеј-офот.

На 27 август, 2008 го раскинал договорот со Кремонезе [7] и се преселил во Беларија Игеа до крајот на сезоната, кога ги оставил спортските активности.

Во текот на својата кариера тој постигнал вкупно 146 настапи и 20 гола во Серија А и 158 настапи и 28 гола во Серија Б.

Тренер уреди

Само неколку месеци откако ја завршил играчката кариера, тој стана тренер во тимот каде што тој играл како играч минатата сезона, Беларија Игеа, откаде бил отпуштен на 7 април 2010, откако освоил само 28 бода во 29 натпревари во Лега Про Секонда Дивизионе[8] По речиси една сезона во Фано тој стигнал на чело на Реџана во 2012 година, а на истото тоа место повторно се вратил на 19 март 2013.

Титули уреди

  Виченца уреди

  Палермо уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди