Лазар Лазаревски - Гоце (Леуново, Гостиварско, 1926 - Буковиќ (планина), Кичевско, 1 октомври 1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Лазар Лазаревски
Роден 1926 година
Леуново, Кралство СХС
Починал 1 октомври, 1943 година
Буковиќ (планина), Кичевско
Народност Македонец

Животопис уреди

 
Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои се имињата на Лазар Лазаревски и неговиот татко Гаве.

По капитулацијата на стара Југославија, му пристапил на народноослободителното движење во селото, прво како младинец, а потоа како член на една од скоевските групи. Како скоевец активно учествувал во сите акции што ги преземала партиската организација. На првиот повик од партијата за оружена борба, тој бил меѓу првите кои доброволно и без колебање се приклучиле на Првиот мавровски партизански одред на 30 август 1942 година. При стапувањето во одредот го земал името на легендарниот македонски револуционер Гоце Делчев. Запаметен е како храбар и пожртвуван борец, не само во Првиот мавровски партизански одред, туку и во другите одреди и партизански единици. Дисциплинирано и без колебање ги извршувал сите задачи. Подоцна станал командир на младинската чета која била испратена на Буковиќ да ја чува заднината на тукушто ослободеното Кичево. На 1 октомври 1943 година на Буковиќ, балистичките банди на Џемо и Мефаил заедно со Германците ја опколиле четата, при што се развила жестока борба. Борците охрабрени од својот командир Лазар, гинеле еден по друг, но не ги напуштале позициите. Под притисок на огромен број балисти и Германци четата била речиси десеткувана. Притоа херојски загинал и командирот Лазар Лазаревски.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 267.

Надворешни врски уреди