Курзив[1] (латински: cursus), италичен вид или италик (англиски: italic type) – во типографијата е вид на десно закосени букви кои изгледаат скоро како да се пишувани на рака, кој служи за истакнување на поедини зборови, наводи или други стилски цели.

Ран курзив од Лудовико Ариги (околу 1527 година). Во тоа време курзивот се користел само за малите букви.
Закосени букви во арапското писмо.

Историја уреди

Курзивот како писмо настанал во почетокот на 16 век во Италија, букворежачот Франческо Грифо да Болонга го изработил курзивниот фонт „антиква“ за Алдо Манзури кој во 1501 година со тој фонт го печател Вергилиј.

Употреба уреди

Насловите во книгите обично се пишуваат со поголем фонт, или со големи букви (или и двете), или кога книгата има некои делови, наслови, поглавја и поднаслови, често на помош доаѓа курзивот. Покрај наведените случаи, понекогаш со курзив се пишуваат и наводи (цитати), а понекогаш и предговорите на книгите. Доколку во текстот од која било причина треба да се наведат зборови од странски јазици, тие најчесто се пишуваат во заграда и со курзив.

Наводи уреди

  1. Велковска, Снежана; Конески, Кирил (2005). Толковен речник на македонскиот јазик. II. Скопје: Институт за македонски јазик„Крсте Мисирков“. стр. 669. ISBN 9989-640-64-5.

Надворешни врски уреди