Купа (село)

село во Гевгелиско, Егејска Македонија

Купа (грчки: Κούπα) — село во Грција, општина Пајонија, област Централна Македонија со 68 жители (2001).

Купа
Κούπα
Христос Пантократор во црква „Успение Богородично“
Христос Пантократор во црква „Успение Богородично“
Купа is located in Грција
Купа
Купа
Координати: 41°07′N 22°38′E / 41.117° СГШ; 22.633° ИГД / 41.117; 22.633
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукуш
ОпштинаПајонија
Општ. единицаБојмица
Надм. вис.&10000000000000778000000778 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно68
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Георгафија уреди

Селото се наоѓа високо во североисточниот дел на планината Пајак, на околу 30 километри североисточно од Капињани. Оддалечено е 30 километри северозападно од градот Бојмица (Аксиуполи) и на 5 километри југозападно од соседното влашко село Љумница (Скра).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Кон крајот на XIX век Купа е едно од влашките (мегленовлашките) села во областа Меглен во гевгелиската каза на Османлиското Царство. Црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Купа датира од првата половина на XIX век.[2]

Во селото во 1895-1896 е основан комитет на ВМОРО со шеф Димо Попов.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Купа живеат 600 Власи христијани.[4] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Купа има 468 Власи и во селото има влашко училиште.[5]

Според податоци на Егзархијата во 1910 година Купа има 102 семејства, 600 жители Власи и една црква.[6]

При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година двајцажители од Купа се доброволци во Македонско-одрински доброволни чети.[7]

Во Грција уреди

За време на војната во селото влегуваат грчки војски и после Втората балканска војна Купа припаѓа на Грција.

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. 14. Ιερός ναός Κοίμησης Θεοτόκου, Κούπας[мртва врска]
  3. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 52 ISBN 9549514560
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.152.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.194-195.
  6. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  7. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 857.

Надворешни врски уреди