Кула (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија

Кула или Кулата (грчки: Παλαιόκαστρο, Палеокастро; до 1927 г. Κούλα, Кула[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Населението брои 721 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кула
Παλαιόκαστρο
Кула is located in Грција
Кула
Кула
Местоположба во областа
Кула во рамките на Долна Џумаја (општина)
Кула
Местоположба на Кула во Серскиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 41°10′N 23°25′E / 41.167° СГШ; 23.417° ИГД / 41.167; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаДолна Џумаја
Општ. единицаПросеник
Надм. вис.&1000000000000007000000070 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно721
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Во минатото се нарекувало Серска Кула, за да се разликува од блиското село Кулата (Петричка Кула) во Пиринска Македонија, денес во Бугарија.

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во Серското Поле, на 11 км северозападнно од градот Сер и на 9 км североисточно од селото Просеник, во западното подножје на планината Шарлија, на надморска височина од 70 м.[3] Крај селото се наоѓа Кулскиот манастир и патот Сер-Валовишта (ЕО63).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Кула било македонско село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Кулата (Koulata) имало 52 домаќинства и 157 жители Македонци.[4][5]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Кула, чифлик сместен во подножјето на истиот крак на Бродска Планина[6], на 3 часа на североисток од градот. Нивите се во полето и само малку над селото. Црква, во која се служи на грчки. 80 куќи со 360 Македонци.[7]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кула имало 510 жители, сите Македонци.[8][9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кула имало 520 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.[8][10]

По Младотурската револуција чифликот им е продаден на жителите. Во 1910 г. егзархискиот инспектор во Сер Константин Георгиев вели дека главниот учител во селото бил Георги Трајчев од Прилеп.[11] Во училиштето имало 30 ученици, од кои 19 машки и 11 женски.[12]

Во Првата балканска војна, 16 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[13]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна Кула е окупирана од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 240 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 182.[3]

Под притисок од грчките власти, голем број Македонци принудно биле иселени во Бугарија (во Петричко и Перничко[14]), а на нивно место се населиле 46 бегалски семејства (вкупно 182 бегалци), така што селото станало мешана населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Палеокастро (Παλαιόκαστρο).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, но по нивното привлекување во 1944 година, уште 10 семејства се иселиле во Бугарија.[8][14]

Стопанство уреди

Населението произведува жито, тутун и други земјоделски производи. Бидејќи селото располага со планински пасишта, внимание му се посветува и на сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 669 642 807 606 612 621 723 721
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Во 1954 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 18,6 квадратни километри.[3] Општината Мелникич била приклучена во општината Просеник во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Долна Џумаја.

Селото припаѓа на општинската единица Просеник со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Долна Џумаја, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кула, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости уреди

Верски објекти

Личности уреди

 
Андон Јанакиев од с. Волак и Ангел Дончев од с. Кула

Родени во Кула

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 17 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 259.
  4. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 116–117. ISBN 954-8187-21-3.
  6. Како Долно Христос и Мелникич
  7. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 860.
  8. 8,0 8,1 8,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 176. ISBN 954430424X.
  10. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 198–199.
  11. Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 142.
  12. Трайчев, Георги. „Манастирите в Македония“, С., 1933, стр. 188.
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 856. ISBN 954-9800-52-0.
  14. 14,0 14,1 Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 22.
  15. 15,00 15,01 15,02 15,03 15,04 15,05 15,06 15,07 15,08 15,09 15,10 15,11 15,12 15,13 15,14 15,15 Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 46, 109, 149, 150, 182, 184, 248, 270, 363, 364, 394, 649, 749, 760, 817. ISBN 954-9800-52-0.
  16. Македонцитѣ въ културно-политическия животъ на България: Анкета отъ Изпълнителния комитетъ на Македонскитѣ братства (PDF). София: Книгоиздателство Ал. Паскалевъ и С-ие, Държавна печатница. 1918. стр. 106.

Надворешни врски уреди