Крупничка Планина

срт од Малешевските Планини во Пиринска Македонија

Крупничка Планина (бугарски: Крупнишки рид или Крупнишка планина[1]) — планински срт во северниот дел на Малешевските Планини, дел од Осоговско-беласичката планинска група. Сместен е на македонско-бугарската граница кон Пиринска Македонија.[2]

Крупничка Планина
Крупнишки рид
Крупничка Планина на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.1.802,5 м
Координати41°46′08″N 23°00′29″E / 41.769° СГШ; 23.008° ИГД / 41.769; 23.008
Географија
МестоПиринска Македонија
Матичен венецОсоговско-беласичка група
Карта

Сртот е долг 15 км и широк од 3 до 8 км. Се простира во најсеверниот дел на Малешевските Планини во правец југозапад-североисток и претставува највисок дел на планините. На север долината на Сушичка Река (десна притока на Струма) го дели од планината Влаина, а на југ долината на Брезничка Река (десна притока на Струма) — од остатокот на Малешевските Планини. На исток живописната Кресненска Клисура на Струма го дели од Пирин.[2]

Билото на сртот на југозапад се издига на 1500 – 1700 м.н.в., а на североисток постепено се спушта и завршува во Симитлиската Котлина, во северниот влез на Кресненската Клисура. Највисока точка на сртот е врвот Џами Тепе (Иљов Врв, 1.802,5 м), кој е највисок на целите Малешевски Планини и е сместен во неговиот најјугозападен дел, на границата со Р. Македонија во граничната пирамида бр. 51.[2]

Изграден е од архајски и палеозојски метаморфни карпи и гранити. Се одводнува од десните притоки на Струма. Почвата е претежно кафеава шумска и циметна шумска. Преовладуваат буковите и дабовите (благуново-церови) шуми. На сртот се одвива слабо развиено шумарство и сточарство.[2]

По северното подножје на сртот, по долината на Сушичка Река се сместени селата Крупник, Полена и Сушица, а по јужното подножје, по долината на Брезничка Река е селото Горна Брезница.[2]

По целото источно подножје низ Кресненската Клисура, од селото Крупник до градот Кресна, во должина од 16,3 км минува делница од првокласниот пат бр. од државната патна мрежа Видин – Софија – Горна Џумаја – ГП „Кулата - Драготин“.[2]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Енциклопедия „Пирински край“, том I. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1995. стр. 476. ISBN 954-90006-1-3.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 271.

Надворешни врски уреди