Кртови
Период: Доцен еоцен - денес
Европски крт (Talpa europaea).
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Mammalia
Ред: Soricomorpha
Семејство: Talpidae
G. Fischer, 1814
Родови

17, видете во текстот.

Кртовите (научно: фам. Talpidae) образуваат група на цицачи од редот Soricomorpha.[1] Тие се широко распространети во Европа и Северна Америка (од Јужна Канада до Северно Мексико). Во северните делови од Евроазија достигнуваат до 63° с.г.ш.

Надворешен изглед и прилагодби уреди

 
Ѕвездонос крт.

Кртовите се мали до средно големи цицачи: должината на телото се движи од 5 до 21 cm, тежат меѓу 9 и 170 g. Тие (освен видот Neurotrichus gibbsii, кој живее на површината) се приспособени за подземен ријачки начин на живот. Телото им е издолжено, округло, прекриено со густо, мазно и кадифено крзно. Крзното на кртовите има уникатна одлика — нивните влакна растат исправено, а не ориентирани во определена насока. Ова му дозволува на кртот да се движи лесно под земјата во било која насока — влакната слободно се поставуваат и напред и назад. Бојата на кртовите е монотона, црна, кафеава или темносива. Нозете се кратки, шепите се лопатовидно раширени; канџите се големи со зарамнет врв. Задните екстремитети се обично послаби од предните. Опашката е кратка. Главата е мала и издолжена. Носот е издолжен во подвижна рилка. Вратот е речиси невидлив. Ушни школки отсуствуваат или се многу мали. Видот кај кртовите е слаб; кај некои видови очите се затскриени со кожа. Добро се развиени сетилата за мирис и допир.

Черепот е долг, конусен, со многу тенки зигоматски лакови. Бројот на забите изнесува од 33 до 44. Бројот и градбата на забите се користи при определување на родовите. Прешлени: вратни 7, градни 13-14, карлични 5-6, крстни 5-6 и опашни 8-27. Коските, особено оние од раменскиот појас, се широки и силни. Клучната коска се зглобува непосредно со раменската (кај другите цицачи — со израстокот на лопатката). Карличните коски се долги и тесни. Кај мажјаците има пенисна коска, која е позната како бакулум.

Екологија уреди

Кртовите живеат во најразлични предели, а претпочитаат станишта со влажни почви кои се лесни за копање (риење). Повеќето видови водат подземен начин на живот, копаат тунели и се хранат со подземни безрбет, а поретко и со делови од растенија. Поради посебната градба на предните екстремитети, приспособени за копање и риење на почвата, многу кртови лазат по површината. Некои видови во потрагата по храна излегуваат на површината или водат надземен начин на живот. Активни се преку целиот ден и ноќта, или само навечер и ноќе. Поради високиот степен на метаболизам, кртовите се многу ненаситни по храна. Обично живеат поединечно.

Значење за човекот уреди

 
Шепа од преден екстремитет на европскиот крт.
 
Ископини од крт.

Кртовите се корисни, ја раскопуваат почвата и со тоа придонесуваат за нејзината аерација и влажност. Тие уништуваат голем број на безрбет кои се сметаат за штетници во земјоделството и шумарството. Некои кртови предизвикуваат штета, ги јадат дождовните црви и корењата на градинарските и овошните култури.

Систематика уреди

Семејството се состои од 15 родови, во кои има околу 40 видови.

Потсемејство вистински кртовиTalpinae. Се среќаваат во Евроазија и Северна Америка.

Потсемејство планински кртовиUropsilinae. 4 вида, распространети во Тибет и Кина:

Кртовите како мотив во уметноста уреди

Други подземни животни уреди

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. Hutterer, R. (2005). In: D .E. Wilson, D. M. Reeder (eds.), Mammal Species of the World (3rd ed.). Baltimore: Johns Hopkins University Press, 2 vols. (2142 pp.). pp. 220–311. ISBN 978-0-8018-8221-0.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 63.
  3. Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 28.