Крста Андрејевиќ е српски сликар и ликовен педагог (12.05.1928 - 30.01. 1989).

Крста Андрејевиќ

Биографија уреди

Крста Андрејевиќ е роден на 12 мај 1928 година во Бекерек каде што завршил основно и средно училиште. Дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1954 година, следејќи ги стапките на неговиот постар брат Мелета Андрејевиќ (подоцна познат сликар и професор во САД). Во 1956 година бил избран за асистент на Академијата за применета уметности по предметот сликарска техника[1] и по тој предмет ги поминал сите скалила на универзитетската кариера од асистент до редовен професор. Своето знаење од областа на сликарството го усовршил во Франција и Англија. Учествува на групни изложби од 1957 година, а на самостојни изложби од 1958 година. Бил член на УЛУС и УЛУПУС.

Крста Андрејевиќ се занимава со цртање, графика, мозаици, декорација на ѕидови, таписерија и уметнички дизајн, а техниките се одрази во масло и акварел. Најчесто сликал мртва природа, згради, фасади и композиции од овие елементи.

Неговите дела се чуваат во збирките на Музеј на современа уметност во Белград, Музеј на град Белград, Владата на Република Србија и многу приватни збирки. Добитник е на неколку награди, вклучувајќи ја и наградата ULUPUS May Salon Award во 1970 година.

Починал во Белград, 30.01.1989 година.

Изложби уреди

Најзначајни изложби на Крста Андрејевиќ се:

Библиографија уреди

Повеќе податоци за живото и делото на Крста Андрејевиќ може да се најдат во делото:

  • Крста Андрејевиќ, Прирачник по предметот сликарска техника, Универзитет за уметности во Белград,1983 г.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. факултет примењених уметности : о факултету : историјат Архивирано на 27 јуни 2012 г., Посетено на 9. 4. 2013.