Крондирци (грчки: Καλίνδρια, Калиндрија, до 1927 Κιλινδίρ, Килиндир)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Крондирци
Καλίνδρια
Крондирци is located in Грција
Крондирци
Крондирци
Местоположба во областа
Крондирци во рамките на Кукуш (општина)
Крондирци
Местоположба на Крондирци во Општина Кукуш и областа Централна Македонија
Координати: 41°6′N 22°47′E / 41.100° СГШ; 22.783° ИГД / 41.100; 22.783
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки округ
ОпштинаКукуш
Општ. единицаКукуш
Надм. вис.&10000000000000100000000100 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно176
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа на 18 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 100 метри.

Историја уреди

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Крондирци се состоело од 80 семејства со 389 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Крондирци имало 200 жители Македонци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 312 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[7].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 296 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 89 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1926 година, селото било преименувано во Калиндрија.[8]

Демографија уреди

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 366 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 267 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 267 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 261 жител, во 1971 година имало 203 жители, во 1981 година имало 184 жители, додека во 1991 година имало 151 жител[10]. Денеска, населението на селото е 176 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 267 267 261 203 183 151 176
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Личности уреди

Родени во Крондирци
Починати во Крондирци

Наводи уреди

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Σαλαμανλή - Καλίνδρια
  3. 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 162-163.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 98-99.
  7. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 95.
  8. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  9. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  10. „Folketeljing 2011, revidert“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2016-03-09.
  11. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 61.
  12. „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 72, ISBN 9549514560
  13. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 384.
  14. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 464.