Крнино

село во Општина Чашка

Крнино — село во југоисточниот дел на Општина Чашка, Велешко.

Крнино
Крнино во рамките на Македонија
Крнино
Местоположба на Крнино во Македонија
Крнино на карта

Карта

Координати 41°31′15″N 21°46′42″E / 41.52083° СГШ; 21.77833° ИГД / 41.52083; 21.77833
Регион  Вардарски
Општина  Чашка
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1414
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29034
Надм. вис. 760 м
Крнино на општинската карта

Атарот на Крнино во рамките на општината
Крнино на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Бабуна. Сместено е во ридски предел, на надморска височина од 760 м, а атарот му зафаќа површина од 9,9 км2[2]

Историја уреди

Подрачјето на Крнино е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Србиница, 1,5 км североисточно од селото.[3]

Во XIX век Крнино било чисто македонско село во Велешката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото имало 240 жители Македонци христијани.[4][5]

На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. в Крнино (Karnino) живееле 376 Македонци, сите под егзархијата.[4][6]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го обележал Крнина (Krnina) како македонско христијанско село.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Стопанство уреди

Селото има полјоделско-сточарска функција. Според податок од 1990-тите, 495 ха отпаѓале на пасишта, 397 ха на шуми и само 78 ха на обработливо земјиште.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948183—    
1953133−27.3%
196142−68.4%
197111−73.8%
19816−45.5%
ГодинаНас.±%
19913−50.0%
19942−33.3%
20023+50.0%
20210−100.0%

Населението на селото значајно пораснало на почетокот на XX век. По Втората светска војна е забележано располовување на бројноста. Во текот на 1950-тите населението значително опаднало на (42 лица во 1961 г.) и продолжило експоненцијално да опаѓа во наредните децении.

Според пописот од 2002 година, Крнино имало 3 жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 376 183 133 42 11 6 3 2 3 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи уреди

Самоуправа и политика уреди

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта
  • Србиница — населба и некропола од римско време

Иселеништво уреди

Според истражување направено во 1920-тите, родот Крнинци (3 куќи) во селото Долно Чичево, Општина Градско бил доселен од Крнино, но не е даден податок кога.[13]

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 165. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 78. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 158. ISBN 954430424X.
  6. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, pp. 118-119.
  7. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Раец.

Надворешни врски уреди