Кралски вргањ (латински: Boletus regius), попознат како кралевка или црвенокапа путер вргањбазидиомицет од родот вргањ, пронајден во Кина и Европа. Кралскиoт вргањ (B.regius) е јадлива печурка, има розова шапка, жолто месо и мрежеста шема на дршката. Хари Д. Тирс опишал слична печурка од Калифорнија како кралски вргањ (B.regius)[1] , иако не е истиот вид. Кралскиoт вргањ во Европа не се обојува кога е изложен на воздух, или слабо се обојува, но видовите од Калифорнија се обоени во сина боја.[2] И европските и калифорниските видови се сметаат за јадливи печурки.[3]

Кралски вргањ (butyriboletus regius)
Кралски вргањ (Boletus regius)

Таксономија уреди

Видот првпат бил опишан и илустриран од Јулиус Винченц фон Кромбхолц во 1832 година. Заедничките имиња на печурката ги вклучуваат црвенокап путер[2] вргањ и кралски вргањ.[4]

Кралскиoт вргањ порано бил класифициран како член на делот (Appendiculati) од родот вргањ (boletus). Молекуларната анализа покажала дека овој и сродните видови „црвенокап вргањ“, вклучително и путер вргањ (Boletus appendiculatus), се филогенетски различни од вргањ, и бил создаден нов род Butiriboletus кој ги содржи истите.

Опис уреди

 
Кралски вргањ (Boletus regius), собран во Калифорнија

Плодните тела на Кралскиот вргањ имаат шапки кои првично се конвексни пред да се израмнат во зрелоста, достигнувајќи пречник од 7 - 20 сантиметри. Површината на шапката е розова до црвена, повремено со нијанси на жолта или кафеава боја, повеќе околу ивицата. Најпрвин е кадифена до малку окер тонови (влакнеста) кога е млада, овие минимални влакна имаат тенденција да слабеат со возраста, а шапката развива брчки и јами. Месото на шапката е жолто, а во примероците од Северна Америка полека и непостојано се појавуваат модринки. Порите на долната страна на шапката се аголни и имаат димензии од околу 1-2 на милиметар. Бојата на површината на порите е светложолта на почеток, но на крајот се затемнува малку, и ќе се обои во сина боја со допирање. Длабочината на цевките што се состојат од порите се протега на 0.8 -2.0 сантиметри.

Дршката има висина 5-13 сантиметри, широка 2,5-5 сантиметри, дебела, и обично има густа, луковична основа. Тој е цврст (т.е. не шуплив) има светложолта боја, често со црвеникави тонови, особено во близина на основата на дршката. Површината на дршката може да биде покриена со ситни жолти мрежички или низ целата должина, или само на горниот дел. Кралскиoт вргањ произведува отпечаток од маслиново-кафена боја на спорите. Неговите мазни, хијалински спори се приближно елипсовидни до нешто фузоидни (пошироки во средината и заострени кон краевите) до повеќе или помалку цилиндрични и имаат димензии од 12-17 на 4-5 мм.

Хемиски тестови може да се користат за да се помогне во идентификување на кралскиoт вргањ на теренот. Кутикулата на капачето ќе се обои со бледовиолетова боја ако се нанесе FeSO4; истиот овој тест ќе го претвори и месото на телото.

Живеалиште и распространетост уреди

Кралскиoт вргањ е ектомикоризален вид со широк опсег на домаќини и се поврзува со даб и четинари, особено со ела. Плодните тела растат поединечно, расфрлани или групирани заедно. Во Северна Америка, тие обично се појавуваат од август до ноември, иако се појавуваат и помеѓу мај и јуни. Дистрибуцијата во Северна Америка ги вклучува тихоокеанските северозападни држави Калифорнија, Орегон и Вашингтон, каде што нејзината честота на појава се движи од „ретки до локално изобилни“. Тој е реткост во Европа, се појавува на „Регионалниот црвен список“ на неколку земји и се смета за загрозен во Чешката Република. Видот е идентификуван и во Кина. Во Македонија е присутна, сака топли места, дабови и букови појаси. Се среќава од мај до ноември. Се препорачува и кај нас да не се собира и да се уништува бидејќи луѓето кои собираат печурки често мислат дека е отровна ја газат и ја шутираат.

Кралскиот вргањ е првокласно квалитетен и вкусен. Може да се замени со јадливата „лажна кралевка“ (Boletus speciosus).

Наводи уреди

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име thiers75.
  2. 2,0 2,1 Roody, William C.; Bessette, Arleen R. (2000). North American boletes : a color guide to the fleshy pored mushrooms (1 ed. изд.). [Syracuse, N.Y.]: Syracuse University Press. ISBN 0-8156-0588-9. OCLC 40964812.CS1-одржување: излишен текст (link)
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име mykoweb.
  4. Ainsworth, G.C. (1939-10). „Agreement to use the fungus binomials recommended in the List of Common Names of British Plant Diseases“. Transactions of the British Mycological Society. 23: 271–272. doi:10.1016/s0007-1536(39)80035-3. ISSN 0007-1536. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски уреди