Кочо Битољану (Крушево, 8 јануари 1924Скопје, 18 јуни 2015)[1] — македонски комунист, првоборец и повоен општествен работник. Бил носител на Партизанска споменица 1941.[2]

Животопис уреди

Роден е во Крушево во 1924 година, а во 1933 се преселил во Скопје каде што завршил основно училиште и запишал гимназија. Како член на Месниот комитет на СКОЈ е раководител на диверзантските групи во Скопје. Во август 1942 година ја предводел диверзантската група која извршила атентат врз бугарскиот агент Мане Мачков. Осуден е на 15 години затвор од бугарската окупаторска власт, а кон крајот на август 1944, на десетина дена пред капитулацијата на Бугарија, избегал од затворот во Идризово и заминал во партизани. Учествувал во ослободувањето на Прилеп, а потоа пак илегално се вратил во Скопје каде што ги организирал младинските групи за заштита на клучните објекти во градот од диверзиите на германската окупаторска власт.

По Ослободувањето бил повереник и секретар на Градскиот народен одбор, раководител на ОЗНА за Македонија и на УДБ за Југославија, државен потсекретар и секретар за внатрешни работи на СРМ (до 1967 година),[3] потпретседател на Собранието на град Скопје до 1969 година и пратеник во Собранието на СРМ.

Наводи уреди

  1. „Почина Кочо Битољану“ Архивирано на 13 ноември 2016 г., „Утрински Весник“
  2. „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 162 стр.
  3. „Службен весник на СРМ, 25/67, 5 стр.

Надворешни врски уреди