Коце Јорданов Тодороски ( 1921во Кичево9 ноември, 1944во Велес) — македонски комунистички партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] Еден од партизаните во Осмата велешка бригада којшто загинал при ослободувањето на Велес.

Коце Тодороски
Роден 1921 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал 9 ноември, 1944 година
Велес, Македонија
Националност Македонец

Животопис уреди

По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи школувањето, останал да учи занает и станал чевлар. За време на окупацијата живеел и работел во Скопје. Како симпатизер на народно ослободителното движење, активно се вклучил во редовите на Народноослободителната војска на Македонија во летото 1944 година во Скопската бригада. Во борбите за ослободување на Велес, истакнувајќи знаме на градскиот часовник - Саат Кулата во Велес, бил смртно погоден во ноември 1944 година.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 128.