Космос-2044,(Бион-9 и Биокосмос-9) — еден од преку 2.400-те советски вештачки сателит лансиран како дел од програмата Космос.

Космос-2044
Тип на мисија биоекспериментален сателит
Датум на лансирање 15 септември 1989
Носечка ракета Сојуз
Место на лансирање Плесецк, СССР
Орбитален наклон 82,3 °
Орбитален период 114,0 минути
Апоапсида 294 км
Периапсида 216 км
Меѓународна ознака 1989-075A

Сателитот имал намена за биолошки истражувања. Заедно учествувале 9 земји и европската вселенска агенција (ЕСА). Направени се вкупно 80 експерименти, меѓу кои се и испитување на мачнината при летање, репродукцијата, регенерацијата, имунологијата, и реадаптацијата при нормална гравитација. Експериментите биле изведени на глодачи, дождовници, риби, овошни мушички, мравки, црви, клетки и семиња. Исто така како патници биле вклучени и два мајмуни макаки-резус.

Капсулата за слетување се вратила на земјата после 14 дена, но некои од организмите погинале поради грешка на контролата на температурата во кабината.

Вселенско летало Бион

Поврзано уреди

Литература уреди

Надворешни врски уреди