Корисник:Bockey22/Сириски клукајдрвец

Сириски клукајдрвец
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Piciformes
Семејство: Picidae
Род: Dendrocopos
Вид: D. syriacus
Научен назив
Dendrocopos syriacus
(Hemprich & Ehrenberg, 1833)
 Сириски Клукајдрвец  (Dendrocopos syriacus) е член од фамилијата клукајдрвци ,Picidae.

Распространетост и живеалиште уреди

Клукајдрвецот е птица која што се размножува од југоисточна Европа источно од Иран. Нејзиниот опсег е проширен северозападно кон Европа во последните години.Тој е жител на отворените шуми,одгледувани со дрва и паркови ,зависат од храна и места за вгнездување на старите дрва. Таа е често непретенциозна птица,покрај перјата. Големиот бел дел на рамото е главна особина која привлекува внимание.

Опис уреди

Клукајдрвецот е долг 23–25 cm и е многу сличен со Голем шарен клукајдрвец, Dendrocopos major.Горните делови на мажјакот се сјајно црни, со црвена дамка на тилот и бело на странит на главата и вратот.На рамото има голема бела дамка и лесните пердуви се прошарани со црно и бело.Трите надворешни опашни пердуви имаат само неколку бели дамки;тие се покажуваат само кога кратката вкочанета опашка е распространета , која служи како подршка при качување.Долните делови се бели,стомакот и делот под опашката се црвенкасти. Долгиот клун е црн,а нозете се зеленкасто сиви.Женката нема црвено на тиолот,а кај младите оваа дамка не е присутна,но круната е црвена.Се разликува од помалите Мал шарен клукајдрвец по црвеното на стомакот.

Многу е тешко да се разликува Сирискиот клукајдрвец од Големиот шарен клукајдрвец.Сирискиот има подолг клун и му недостигаат белите шари на опашката како Големиот шарен.Друга важна разлика е дека Сирискиот нема црна линија која ја поврзува лентата до тилот како кај пораспростанетите видови.

Однесување уреди

Комуникација уреди

Кога скриени во зеленилото,присуството на Сирискиот клукајдрвец е често огласено по механичкото чукање,вибрационо штракање,произведено од брзо повторливите удари од својот силен клун на стебло или гранка. Тоа не е само повик за парење или предизвик,но сигнал од двата пола.Тој е слушлив од голема далечина, зависно од ветерот и состајбата на дрвото,шупливата гранка природно произведува погласна нота од живо дрво. Чукањето е подолго отколку на Големиот шарен клукајдрвец и се намалува по волумен.Тоа е побрзо и пократко од чукањето на Белокрстен шарен клукајдрвец.Повикот е остар квит,квит, помек отколку на Големиот дамчест клукајдрвец и нешто слично на Common Redshank.

Хранење уреди

Храната на сирискиот клукајдрвец главно се состои од инсекти кои живеат во стеблата на дрвата, како што се ларвитe од молецот и бубата.Клукајдрвецот вообичаено се сместува во трупот,работејки нагоре. За време на искачувањето ја клука кората,кршејки парчиња од кората,но често го извлекува својот плен од пукнатините со врвот на својот леплив јазик.Семиња,орев и бобинките се користат како исхрана кога храната од инсектите е ограничена.Неговите постапки се нагли и скока наместо да се качува, скокајки нанапред со една нога пред друга.Најчесто се храни во вертикална положба "глава-нагоре" позиција [1],не е невообичаено да се претпостави да се преземе верикално или хоризонто превртена положба додека го испитува дрвото за храна.

 
Tree with a Syrian Woodpecker's hole.

Парење уреди

Уредната,округла 5 cm широка вгездена дупка е сместена во меко и распаднато дрво.На дното на оската мала комора е ископана,каде што до 11 бели јајца се снесени врз пилевина.Дупката е ретко користена повторно.Скоро секое доволно скапано дрво е искористено.Младенчињата,додека родителите ги хранат,излегуваат од своето гнездо но кога ке се вознемират се враќаат назад во дупката.

Наводи уреди

  1. BirdLife International (2012). Dendrocopos syriacus. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  • Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.