Копанце

село во Општина Јегуновце

Копанце (во минатото Копаница; месно: Копајнца) — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Копанце

Поглед на селото од страна на Туденце

Копанце во рамките на Македонија
Копанце
Местоположба на Копанце во Македонија
Копанце на карта

Карта

Координати 42°2′53″N 21°8′16″E / 42.04806° СГШ; 21.13778° ИГД / 42.04806; 21.13778
Регион  Полошки
Општина  Јегуновце
Област Долен Полог
Население 844 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1215
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28037
Надм. вис. 392 м
Копанце на општинската карта

Атарот на Копанце во рамките на општината
Копанце на Ризницата

Географија и местоположба уреди

 
Главната улица во селото

Копанце се наоѓа во источниот дел на областа Долен Полог, сместено на десната страна на реката Вардар, во рамките на територијата на Општина Јегуновце, а чиј атар се допира со просторот на Скопската Котлина.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 392 метри. Од градот Тетово е оддалечено 28 километри.[2]

Низ селото поминува локален асфалтен пат, кој ги поврзува селата Јегуновце и Сиричино.

Копанце се наоѓа во подножјето на планината Жеден. Планинската падина се издигнува источно од него. Западно од селото по котлинската рамнина тече реката Вардар. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари. На атарот на селото нема ниеден извор за вода.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Умник, Врв, Јабучји Осој, Локма, Пепелиште, Габер, Мечкин Дол, Ливадиче, Правец, Грмништа, Рудина, Горни и Долни Бучај, Јасика, Трмка, Љуљејца, Луг, Орница и Јастребац.[3]

Селото има збиен тип, а куќите се поделени во три маала: Горно, Долно и Турско Маало. Во 1947 година, првите две маала биле населени со македонско, а третото со албанско население.[3]

Историја уреди

Во пишаните документи, селото првпат се споменува како Копаница во 1470 година, кога Кјебир Мехмед-бег на своите синови им оставил наследство повеќе имоти во Полог. Меѓу другите имоти им оставил имот во атарот на Копанце во месноста Јастребац (порано Јастребача). Имотот се простирал до самото село. Купил и други имоти околу селото.[3]

Второ споменување на селото е од 1795 година, кога Реџеп-паша во ова село подарил на тетовското теќе пет парцели бавчи, пет куќи и три дуќани.[3]

Стопанство уреди

 
Поранешна продавница

Атарот на селото зафаќа простор од 10,4 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 771 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 237 хектари, а на пасиштата само 11 хектари.[2]

Во селото има услужни објекти.[2]

Денешните мештани наведуваат дека во Копанце порано имало чифлиг, во посед на Фејзула-ефенди, но брзо се распаднал. Од денешните мештани само едно семејство од родот Николовци работело на чифлигот, додека останатите селани имале своја земја.[3]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948475—    
1953538+13.3%
1961594+10.4%
1971698+17.5%
1981917+31.4%
ГодинаНас.±%
1991321−65.0%
1994869+170.7%
20021.059+21.9%
2021844−20.3%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Копанце живееле 170 жители, од кои 100 Македонци христијани и 70 Албанци муслимани.[4] Според статистиката на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Копанце имало 96 жители, Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Копанце е село во Рахотинската општина и има 43 куќи со 317 жители, Македонци и Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци и 150 Албанци.[7]

Копанце, поради прилив на населението, прераснало од средно во големо село. Така, во 1961 година селото имало 594 жители, од кои 301 биле Албанци, а 290 жители Македонци, а во 1994 година 869 жители, од кои 555 биле Албанци и 311 жители Македонци.[2]

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Копанце, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.[заб 1]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Копанце живееле 1.059 жители, од кои 300 Македонци, 752 Албанци, 4 Срби и 3 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 844 жители, од кои 196 Македонци, 548 Албанци и 100 лица без податоци.[9]

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Копанце:

Година Македонци Албанци Турци Срби Ост. б.п. Вкупно
1948 475
1953 275 260 0 0 3 538
1961 290 301 0 0 3 594
1971 288 398 1 2 9 698
1981 329 577 0 5 6 917
1991 313 0 0 6 2 321
1994 311 555 0 1 2 869
2002 300 752 0 4 3 1.059
2021 196 548 0 0 0 100 844

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови уреди

Копанце е македонско-албанско село.[3]

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Гуљевци (3 к.), имаат иселеници во Сиричино; Машовци (4 к.), имаат иселеници во Жилче; Кашој (1 к.), имаат иселеници во Прељубиште (Смилевци).
  • Доселеници: Пуздерковци (14 к.), доселени се од Прилепско. Го знаат следното родословие: Петко (жив на 60 г. во 1947 година) Арсо-Ристе-Петре-Најдо, основачот на родот кој се доселил. Најдо имал брат кој се населил во Прељубиште. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство); Николовци (1 к.), доселени се од селото Јанчинце. Имаат иселеници во Америка (три семејства); Чкаловци (4 к.), доселени се од Ратае, го знаат следното родословие: Будимир (жив на 70 г. во 1940-тите) Јандро-Спасо, кој се доселил, во Ратае се доселиле од Велешко. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Типој или Фуфуровци (2 к.), доселени се од некое околно рамно село. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Грнчаровци (1 к.), доселени се од селото Блаце, таму имаат истоимени роднини кои се староседелци; Митревци (1 к.), доселени се од Подбреге, таму имаат истоимени роднини. Подалечно потекло од селото Врбештица во Косово.
  • Албански родови:
    • Доселеници: Мемедовци (5 к.), доселени се од фисот Красниќи во северна Албанија, доселени се средината на XIX век, го знаат следното родословие: Амди (жив на 44 г. во 1947 година) Алит-Амет-Мемет, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Весел (8 к.), доселени се од некое село во Качаничка Клисура, го знаат следното родословие: Руфат (жив на 74 г. во 1947 година) Сали-Весел, основачот на родот кој се доселил; Емруловци (4 к.), доселени се од фисот Бериш во северна Албанија, од местото на старина отишле прво во Лисец, каде останал еден дел од родот (Берише, 16 к.), во северна Албанија живееле во местото Али Сат кај Скадар; Адиловци (7 к.), од фисот Красниќи се; Алитовци (4 к.), исто потекло како и претходниот род. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Раман (1 к.), доселени се од селото Радуша, и тие тврдат дека се од фисот Красниќи.

Иселеништво уреди

Покрај споменатите иселувања од поединечните родови, се знае и за следниве иселеници:[3]

  • Македонци: Машоски (5 к.), живеат во Јегуновце, каде заминале во средината на XIX век. Избегале од Копанце поради опасноста до доселените Албанци; Мандрилои (3 к.), живеат во соседното Раотинце, потекнуваат од домазет кој дошол од Копанце.
  • Роми: Авзие (1 к.), живеат во Шемшево, каде дошле од Копанце.

Општествени установи уреди

 
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика уреди

Во XIX век, Копанце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Копанце, се наоѓале и селата Жилче, Јанчиште, Јегуновце, Озормиште, Подбреѓе, Прељубиште, Раотинце, Сиричино, Туденце и Шемшево. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Јанчиште, во која влегувале селата Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Подбреѓе и Раотинце.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2121 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.014 гласачи.[11] На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.010 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости уреди

Археолошки наоѓалишта[13]
Цркви[14]
Џамии

Личности уреди

Родени во или по потекло од Копанце
  • Саве Савевски (р. 24 јануари 1955) — македонски политичар, пратеник во Собранието и член на ВМРО-ДПМНЕ[15]

Галерија уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 157. Посетено на 15 февруари 2022.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 456–458.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 211.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 122-123.
  6. Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 23.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 15 февруари 2022.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 17 февруари 2022.
  13. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 420. ISBN 9989-649-28-6.
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  15. „Список на пратеници“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-26.
Забелешки
  1. Во Пописот од 1991 година, во населените места: Страчинци, Љуботен, Арачиново, Грушино, Мојанци, Орланци, Боговиње, Жеровјане, Пирок, Милетино, Радиовце, Теново, Челопек, Горно Јаболчиште, Велешта, Горно Татеши, Долно Татеши, Врапчиште, Топлица, Вруток, Долно Јеловце, Здуње, Речане, Балин Дол, Беловиште, Гостивар, Дебреше, Мало Турчане, Чајле, Баниште, Дебар, Кривци, Селокуќи, Хаме, Делогожди, Корошишта, Ливада, Мислодежда, Ново Село (Делогожди), Горна Бањица, Долна Бањица, Симница, Долна Лешница, Желино, Озормиште, Требош, Бачишта, Букојчани, Горно Строгомиште, Зајас, Колари, Лешница, Палиград, Смесница, Копанце, Шемшево, Горно Палчиште, Долно Палчиште, Камењане, Кичево, Долно Свиларе, Кондово, Радуша, Рудник Радуша, Бедиње, Горно Коњаре, Д`лга, Куманово, Лопате, Романовце, Сопот, Табановце, Черкези, Белановце, Матејче, Никуштак, Опае, Ропалце, Жужње, Нистрово, Сенце, Тануше, Добри Дол, Калиште, Неготино-Полошко, Сенокос, Бериково, Гарани, Јагол, Ново Село (Осломеј), Поповјани, Премка, Србица, Стрелци, Туин, Шутово, Охрид, Ќојлија, Арнакија, Буковиќ, Грчец, Крушопек, Ласкарци, Љубин, Семениште, Барово, Јаболци, Биџево, Долна Белица, Заграчани, Калишта, Радолишта, Струга, Батинци, Вртекица, Морани, Студеничани, Глоѓи, Доброште, Непроштено, Пршовце, Слатино, Теарце, Голема Речица, Лавце, Мала Речица, Сараќино, Тетово, Баланци, Форино, Чегране, Џепиште, Гајре, Лисец, Скопје дел - Гази Баба, Скопје дел Карпош, Скопје дел - Центар и Скопје дел - Чаир, дел од жителите не прифатија да земат учество (го бојкотираа) во Пописот.

Надворешни врски уреди