Константин I (охридски архиепископ)

Константин бил византиски свештеник и охридски архиепископ најверојатно во периодот од 1160 до 1170 година[1]. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

Константин I
Архиепископ од 1160
Архиепископ до 1170
Претходник Јован IV
Наследник Адријан
Роден 12 век
Византија
Други архиепископи со име Константин

За неговото дело денеска многу малку се знае. На охридскиот престол се качил по заминувањето на Јован IV, најверојатно во 1160 година, и на таа позиција се задржал најверојатно до 1170 година. Не е познато кога починал.

Наводи уреди

  1. Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.