Конечка кула

срушена средновековна кула во Македонија

Конечка кула или Горна кула — историска средновековна одбранбена и станбена кула во селото Конче.[1]

Конечка кула
Горна кула
Поглед на срушената кула
Карта
Општи податоци
Видкула
ГрадКонче
ЗемјаМакедонија

Местоположба уреди

Кулата се наоѓа во склоп на Конечкиот манастир, сместена во непосредната близина на апсидата на манастирската црква „Св. Стефан“.

Историја уреди

Кулата е најстарата градба во состав на манастирот од периодот по изградбата на црквата. Според обликот и начинот на кој е изградена, најверојатно потекнува од османлискиот период.

На кулата не се извршени детални археолошки и архитектонски истражувања, но се претпоставува дека е изградеба по нарачка на Катарина Бранковиќ.

Архитектура уреди

Разурнатата камена кула имала влез во приземјето и прозорец на првиот кат, што укажува дека кулата се користела за живеење.

Кулата се чини дека особено наликува на добро сочуваните кули во Кратово, ѕидани од кршен камен со обработени камени блокови на аглите и со подземни ходници за евакуација, какви што се верува дека имала и кулата во манастирот.

Наводи уреди

  1. „Културно наследство на Конче – Општина Конче“. Посетено на 2022-03-13.