Коке (фудбалер 1992)

Хорхе Ресурексјон Меродио (роден на 8 јануари 1992, во Мадрид, Шпанија), или познат како Коке, е шпански фудбалер, играч од средниот ред на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентација. Од сезоната 2019-2020 тој е и капитен на својот клуб.

Коке
Коке со Атлетико Мадрид 2019
Лични податоци
Полно име Хорхе Ресурексјон Меродио[1]
Роден на 8 јануари 1992(1992-01-08)(32 г.)[2]
Роден во Мадрид, Шпанија
Држава Шпанија Шпанија
Висина 1.76 m[3]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 6
Младинска кариера
2000–2008 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2011 Атлетико Мадрид Б Атлетико Мадрид Б 66 (7)
2009– Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 292 (31)
Репрезентација
2008 Шпанија Шпанија 16 3 (0)
2008–2009 Шпанија Шпанија 17 21 (0)
2010–2011 Шпанија Шпанија 19 9 (0)
2011 Шпанија Шпанија 20 5 (1)
2011–2013 Шпанија Шпанија 21 12 (1)
2012 Шпанија Шпанија 23 6 (1)
2013– Шпанија Шпанија 44 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 28 септември 2019
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 октомври 2018

Оформен како фудбалер во пониските категории на Атлетико де Мадрид, тој дебитирал за првиот тим во 2009 година и оттогаш до денес е стандарден првотимец на овој клуб со кој освоил и неколку трофеи како Примера Дивисион, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, два Суперкупа на Европа и две титули во Лигата на Европа.

Настапува за сениорската селекција на Шпанија од 2013 година, со која играл на Светските првенства во 2014 и 2018 година, како и на Европското првенство 2016 година. Претходно, како член на младинските репрезентации, тој го освоил Европското првенство за играчи под 21 година во 2013 година.

Наводи уреди

  1. „Acta del partido celebrado el 18 de mayo de 2019, en Valencia“ [Minutes of the match held on 18 May 2019, in Valencia] (шпански). Royal Spanish Football Federation. 18 May 2019. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 17 June 2019.
  2. „Koke: Summary“. Soccerway. Perform Group. Посетено на 19 June 2014.
  3. „Koke“. Посетено на 2 March 2019.

Надворешни врски уреди