Козлодуј (бугарски: Козлодуй) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Козлодуј во Врачанската Област. Има население од околу 12.467 жители (2022).[1]

Козлодуј
Козлодуй
град
Поглед на Домот на енергетскиот работник
Поглед на Домот на енергетскиот работник
Козлодуј is located in Бугарија
Козлодуј
Козлодуј
Местоположба на Козлодуј во Бугарија
Координати: 43°46′35.2″N 23°43′45.76″E / 43.776444° СГШ; 23.7293778° ИГД / 43.776444; 23.7293778
ЗемјаБугарија
ОбластВраца
ОпштинаКозлодуј
Управа
 • ГрадоначалникМаринела Николова (ГЕРБ)
Површина
 • Вкупна105,31 км2 (40,66 ми2)
Надм. вис.&1000000000000003300000033 м
Население (2022)
 • Вкупно12,467
 • Густина120/км2 (310/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код3320
Повик. бр.+359 0973
Мреж. местоkozloduy.bg

Географија и местоположба уреди

Козлодуј се наоѓа во Дунавската Рамнина, на 7 километри од устието на реката Огоста во реката Дунав, во плодната житница на Бугарија, наречена „Златија“.

Историја уреди

Најраните официјални податоци покажуваат дека Козлодуј бил населен во 16 век. Во 18 век населбата била означена како Котозлук и Козлудере, а подоцна и Козлодуј.

На 17 мај 1876 година четата на бугарскиот револуционер Христо Ботев слезла од паробродот „Радецки“ на брегот во Козлодуј.

На 6 април 1970 година започнала изградбата на Првата атомската централа „Козлодуј“ [2] која е главен работодавец во градот.

Јавни институции уреди

  • Паробродот музеј „Радецки“
  • Дом на енергетскиот работник
  • Читалиште „Христо Ботев“

Наводи уреди

  1. Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
  2. „Kozloduy NPP Plc - History“. Kznpp.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 2011-03-16.

Надворешни врски уреди