Клостер Ленин или само Ленин (германски: Kloster Lehnin) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа околу 15 километри југоисточно од Бранденбург на Хафел.

Клостер Ленин
Манастир Ленин
Манастир Ленин
Манастир Ленин
Грб на Клостер Ленин
Клостер Ленин во рамките на Германија
Клостер Ленин
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Потсдам-Мителмарк
Месни единици 14
Градоначалник Бернд Крајкенбом
Основни податоци
Површина 199,30 км2
Надм. височина 36 м
Население 10.971 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 55 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PM
Пошт. бр. 14542, 14778, 14797
Повик. бр. 03382, 033207
Портал www.lehnin.de
Местоположба на Клостер Ленин во рамките на округот Потсдам-Мителмарк
Карта
Карта
Координати 52°19′0″N 12°45′0″E / 52.31667° СГШ; 12.75000° ИГД / 52.31667; 12.75000

Преглед уреди

Била основана на 1 април 2002 со спојување на 13 села:

  • Дамсдорф
  • Емстал (Швина до 1937)
  • Гелсдорф
  • Гребс
  • Кране
  • Ленин
  • Михелсдорф
  • Намиц
  • Нецен
  • Прицке
  • Редел
  • Рекан
  • Риц
  • Трехвиц (припоен на 26 октомври 2003)

Седиште на општината е Ленин. Најмногу е познат по својата истоимена опатија, најстариот манастир во Маркгрофовијата Бранденбург, основана во 1180 од маркгрофот Отон I. Блиската населба се развила околу 1415 надвор од ѕидините на манастирот.

Денес, добро одржуваната област ја вклучува обновената манастирска црква и други готски градби.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2020 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2021. (германски)