Клеточниот ѕид претставува обвивка на клетката која што ја имаат само растителните клетки и повеќето микроорганизми. Клеточниот ѕид е задолжителен дел на скоро сите растителни клетки, а таму каде што отсуствува клетката е таканаречена „бесформна“ и личи на пифтиеста маса. Неколку функции кои ги извршува клеточниот сид се директно или индиректно од огромно значење за животот на организмот. Тоа се:

  • Ја дава формата на клетката.
  • Има улога на посредник на размената на материи и вода меѓу надворешната средина и внатрешноста на клетката и
  • Претставува цврста и јака обвивка која во голема мера заштитува од сите надворешни влијанија без разлика на нивното потекло.
Молекуларен состав на примарниот клеточен ѕид кај растенијата.

Клеточниот ѕид се формира по делбата на клетката и тогаш се нарекува - фрагмопласт (средна ламела) која е во растресита пивтиеста полутечна состојба.