Кит (соѕвездие)

соѕвездие

Кит (лат. Cetus, крат. Cet) — соѕвездие наречено по морско чудовиште од старогрчката митологија, иако денес се поистоветува со истоимениот цицач. Сместено е во подрачје на небото каде се наоѓаат и други водни соѕвездија како што се Водолија, Риби и Еридан.

Кит
лат. Cetus
КратенкаCet
ГенитивноCeti
Симболизамкит, ајкула или морско чудовиште
Ректасцензија00ч 26м &1000000000022248600000022,2486с–03ч 23м &1000000000047148700000047,1487с[1] ч.
Деклинација10.5143948°–−24.8725095°[1]°
Површина1231 (°)² (4-то)
Главни ѕвезди15
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
88
Ѕвезди со планети23
Ѕвезди посјајни од 3,00m2
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)9
Најсјајна ѕвездаБета Кит (β Cet) (2.04m)
Најблиска ѕвездаЛејтен 726-8
(8.73 сг, 2.68 пс)
Месјеови објекти1
Метеорски дождовиоктомвриски кетиди
ета-кетиди
омикрон-кетиди
Соседни
соѕвездија
Овен
Риби
Водолија
Вајар
Печка
Еридан
Бик
Видливо на ширина од +70° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец ноември.
Напомена:Мира (ο Cet) при најолема сјајност има величина 2,0.

Значајни особености уреди

Еклиптика уреди

Иако Кит не е дел од зодијакот, еклиптиката минува помалку од четврт степен од неговата граница, што значи дека Месечината, планетите, па дури и дел од Сонцето може да бидат во Кит во кратки периоди. Ова уште повеќе важи за астероидите, бидејќи нивните орбити обично имаат повеќе наклон кон еклиптиката од Месечината и планетите. На пример, во 1807 г. астероидот 4 Веста е откриен во соѕвездието Кит.

Ѕвезди уреди

Најистакнатата ѕвезда во Кит е Мира („чудесна“) со назнака Омикрон Кит — првата откриена променлива ѕвезда и прототип на нејзината класа. Во период од 332 дена достигнува во голема мера ја менува привидната величина и затоа е наречена „чудесна“. Мира пулсира со минимална големина од 400 сончеви пречници и максимална големина од 500 сончеви пречници. Оддалечена е 420 светлосни години од Земјата, а откриена е во 1596 г. од германскиот теолог и астроном Давид Фабрициј.[2]

Во соѕвездието име и уште неколку сјајни ѕвезди. α Кит со традиционален назив Менкар („носот“) е црвеникава џиновска ѕвезда со величина од 2,5, оддалечена 220 сг од Земјата. Ова е широка двојна ѕведа; вторичната — 93 Кит — синобела и има величина од 5,6, и оддалечена е 440 сг. β Кит (Денеб Кајтос или Дифда) е најсјајната ѕвезда во Кит. Ова е портокалова џиновск ѕвезда со величина од 2,0 и се наоѓа на растојание од 96 сг од Земјата. γ Кит (Кафалџидма = „главата на китот“) е соседна двојна ѕвезда. Главната е жолтеникава ѕвезда со величина од 3,5 и се наоѓа на растојание од 82 сг, додека пак вторичната е сина ѕвезда со величина од 6,6.[2] Тау Кит, (Дуре Ментор) е забележителна по тоа што е најблиската сонцевидна ѕвезда (оддалечена е 11,9 сг). Ова е жолтеникава ѕвезда од главната низа со величина од 3,5.

AA Кит е троен систем. Најсјајниот член има the величина од 6,2. Главната и второстепената се на растојание од 8,4 лачни секунди и под агол од 304 степени. Третичната не е видлива со телескоп. AA Кит е затемнителна менлива ѕвезда — третичната ѕвезда доаѓа пред главната и ја намалува привидната величина на системот за 0,5.[3] UV Кит е необична двојна променлива ѕвезда на растојание од 8,7 сг од земјата и се состои од две црвени џуџиња — обете со величина од 13. Една од ѕвездите е болскотна ѕвезда, склона кон ненадејни и произволни избувнувања кои траат неколку минути; ова значајно ја зголемува привидната сјајност на парот (до 7).[2]

Длабоконебесни тела уреди

 
Спиралната галаксија Месје 77 снимена со телескопот „Хабл“.[4]

Соѕвездието Кит е сместено далеку од галактичката рамнина, што значи дека се гледаат доста далечни галаксии, непопречени од правта на Млечниот Пат. Од нив најсјајна е спиралната галаксија Месје 77 (NGC 1068) со величина 9 близу Делта Кит. Свртена е кон набљудувачот и има јасно видливо јадро со величина 10. Со околу 50 милиони светлосни години од Земјата, таа е и Сејфертова галаксија и затоа претставува сјаен објект на радиоспектарот.[2] Галактичкото јато JKCS 041 е потврдено како најдалечното досега пронајдено галактичко јато.[5]

NGC 246 („Череп“) е планетарна маглина со величина од 8,0 на растојание од 1600 сг од Земјата. Аматерите ја нарекуваат „Пакман“ поради распоредот на средишните ѕвезди и околното ѕвездено поле.[6]

Историја и митологија уреди

 
Приказ на Кит во книгата „Огледалото на Уранија“ (1825)

Соѕвездието изворно се однесувало на митското чудовиште наречено Кит, убиено од јунакот Персеј за да ја спаси принцезата Андромеда од бесот на Посејдон. Соѕвездието се наоѓа во небесното подрачје наречено „Море“ бидејќи во него се сместени други водни соѕвездија како што е Еридан, Риби, Јужна Риба, Јарец и Водолија.[7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Cetus, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 15 February 2014.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Ridpath & Tirion 2001, стр. 114-116.
  3. Levy 2005, стр. 67.
  4. „Hubble observes the hidden depths of Messier 77“. ESA/Hubble. Посетено на 4 April 2013.
  5. „Scientists identify new galaxy“. Metro. 23 October 2009.
  6. Levy 2005, стр. 129.
  7. Staal 1988, стр. 33–35

Библиографија уреди

  • Levy, David H. (2005). Deep Sky Objects. Prometheus Books. ISBN 1-59102-361-0.
  • Makemson, Maud Worcester (1941). The Morning Star Rises: an account of Polynesian astronomy. Yale University Press.
  • Ridpath, Ian; Tirion, Wil (2001), Stars and Planets Guide, Princeton University Press, ISBN 0-691-08913-2
  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0-00-725120-9. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0-691-13556-4
  • Staal, Julius D.W. (1988). The New Patterns in the Sky. The McDonald and Woodward Publishing Company. ISBN 0-939923-04-1.

Надворешни врски уреди

Координати:   &1000000000000000100000001ч &1000000000000002500000025м &1000000000000001200000012с, −&1000000000000001100000011° &1000000000000002100000021′ &1000000000000000000000000″