Киро Трипун Ончевски ( 1926 во Лешок, Тетовско1944 во Добри Дол (Скопско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Со своето семејство се доселил во Скопје, каде и се вклучил во народноослободителното движење. Учествувал во разни акции околу собирањето на материјали и друга помош за партизаните. Во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада стапил есента 1944 година. Се борел во составот на третата чета на третиот баталјон. Бил учесник во сите акции на баталјонот, а посебно во акцијата против Германците на железничката линија Велес - Скопје. Во една битка против балистичките банди кај селото Добри Дол, кои биле во акција за да го ограбат соседното село, бил погоден од непријателски куршум, по што загинал на самото место.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 226. На |first= му недостасува |last= (help)