Киро Мукаетов (роден на 5 декември 1923 година во Кавадарци - починал на 10 април 2005 година во Скопје) — македонски новинар, припадник на првата повоена генерација.[1]

Киро Мукаетов
Роден 5 декември 1923
Кавадарци, Кралство Југославија
Починал 10 април 2005
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање новинар

Животопис уреди

Киро Мукаетов дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1950). Учествувал во НОБ од октомври 1942 година, и бил уапсен и интерниран. Од октомври 1944 г. го уредувал Билтенот на НОФ за Тиквешијата. Новинар во „Нова Македонија“ (1945/46), потоа цела деценија дописник на Танјуг од Македонија. Во периодот 1957/79 година бил уредник, главен уредник и директор на „Стопански весник“. Соработувал со повеќе медиуми, особено од Словенија. Го редактирал и подготвил за печат шестомниот зборник „Тиквешијата во НОБ 1941-1945“.

Наводи уреди

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мукаетов“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 996. Text "series " ignored (help)