Киро Николов Димушков ( 1926 во Скопје25 мај 1944 во Зебрњак, Кумановско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис уреди

Потекнувал од сиромашно градско семејство. Откако го завршил основното училиште, продолжил со учење на занает. Потем работел како столар. Многу млад се вклучил во напредното движење. Кон крајот на 1943 и во почетокот на 1944 година учествувал во отпорот против бугарскиот и германскиот фашистички окупатор. Бил учесник на групата столарски работници, која преземала разни акции против непријателот. Агитирал да се придобијат нови приврзаници на движењето. Собирал материјална помош, што се испраќала на партизаните. Во почетокот на 1944 година стапил во Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини походи и борби против Германците, а особено во борбите водени против фашистичките бугарски воени и полициски сили. Во една таква борба кај Зебране - Кумановско, храбро загинал на 25 мај 1944 година.[1]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 56. На |first= му недостасува |last= (help)