Кермодова мечка

подвид на американската црна мечка
Кермодова мечка
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Ѕверови
Семејство: Мечки
Род: Мечка
Вид: Американска црна мечка
Триномен назив
Ursus americanus kermodei
Hornaday, 1905

Кермодова мечка (науч. Ursus americanus kermodei) позната и како мечка-дух (англиски: spirit bear) — подвид на американската црна мечка кој живее на централниот брег на Британска Колумбија. Една десетина од популацијата има крзно со бела или кремава боја. Оваа варијанта е поради присуството на рецесивен ген во нивниот геном, тие не се ни албино, ни во сродство со белите мечки.

Поради нивниот специфичен изглед, поради кој наликуваат на духови, овие мечки имаат значајно место во митологијата на индијанците кои живееле во овие предели[1].

Кермодовата мечка е именувана по Франсис Кермод, Канаѓанец кој ги истражувал овие мечки и соработник на Вилјам Хорнадеј, зоологот кој го опишал овој вид[2].

Боја на крзно уреди

Во 2001, беше објавено дека замена во рецепторот на меланокортин 1 е одговорна за бојата на крзното на овие мечки. Научниците испитувале ДНК од 220 мечки и откриле релација помеѓу рецесивната алела и белата боја на крзното[3].

Живеалиште уреди

Природното живеалиште на Кермодовата мечка е под постојана закана поради сечењето на дрвата кои се употребуваат во градежната индустрија. Од февруари 2006 година, владата на Британска Колумбија постави договор помеѓу групите за заштите на околината и градежната индустрија, со кој се заштитуваат 18 000 квадратни километри земја. Овој предел е најголемата умерена дождовна шума, наречена Голема мечкина дождовна шума, која е и дом на Кермодовата мечка. Договорот ќе го ограничи сечењето дрва и ќе помогне да се развие екотуризмот. Во септември 2006 година започнува искористувањето на шумите во друг регион, кој е исто така живеалиште на овие мечки но не е влезен во териториите заштитени со договорот.

Занимливости уреди

Во февруари 2006 г. премиерот на Британска Колумбија објави дека сакаат Кермодовата мечка да стане официјално животно на оваа земја.

Наводи уреди

  1. Last Stand of the Great Bear. National Geographic. ISBN 0-7922-4110-X. 
  2. Steve Warmack. „The Kermode Bear“. Архивирано од изворникот на 2008-04-16. Посетено на 2008-04-18.
  3. Kermit Ritland, Craig Newton, and H. Dawn Marshall (18 септември 2001). „Inheritance and population structure of the white-phased "Kermode" black bear“. Current Biology. 11 (18): 1468–1472. doi:10.1016/S0960-9822(01)00448-1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)