Кератодермии се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата.

Кератодермии
СпецијалностДерматологија, медицинска генетика Уреди на Википодатоците

Кератодермии уреди

 
Кератодермии

Кератодермии се заболувања што настануваат со задебелување на рожестиот слој на епидермата. (хиперкератоза). Се делат на:

  • стекнати
  • наследни

Стекнати кератодермии уреди

Клавус (clavus) е органичено, жолтеникаво задебелување на кожата, со потемно централно хиперкератотично јадро во форма на конус или на трн, со врв кој допира до нервните завршетоци на дермисот. На површината е присутно благо лупење и црвенило на околната кожа. Директен притисок на јадрото одозгора предизвикува болка, која се засилува во услови нна зголемена влажност. Бидејќи промената е многу болна, одењето е отежнато. Настануваат поради притисок или триење кое подолго време се повторува главно поради носење тесни чевли или поради ортопедски деформации на стапалото.
Клавусите на стапалото се класифицираат како:

  • дигитални, цврсти клавуси со локалозација на дорзалната страна на прстите на нозете (најчесто на малиот прст)
  • интердигитални, меки клавуси (најчесто помеѓучетвртиот и интердигитален простор) кои во услови на потење и влага се многу болни и секундарно можат да се инфицираат со габички и бактерии
  • плантарни клавуси на долната страна на стапалата


Клавусот треба да се разликува од брадавици на стапалата(verrucae plantares). Ако со скалпел се симмнува слој по слој од клавусот, тој не крвари, а при истата постапка кај брадавиците со јавува крварење. Калусот (callus) е дифузно задебелување на кожата со жолтеникава или кафена боја, кое постепено преоѓа во околната непроменета кожа. Причини за негово појавување се механички притисок и триење на кожата. Клаусите се јавуваат кај:

  • одредени професии, како на пример на дланките од физичките работници, на усните од трубачите
  • кај луѓе што одат боси
  • при носење одредена облека (специјални капи кај калуѓерки кои предизвикуваат хиперкератоза на усните школки, носење специјални чевли кај хендикепирани лица)
  • луѓе со ортопедски деформации на стапалата шптенцирани со носење неадекватни чевли


Често на површината на клаусот се јавуваат пукнатини (рагади). Појавата на фисури на површината на калусите и нестерлните манипулации за отстранување на клавусите можат да доведат до компликации како влезна врата на инфекции, особено кај пациенти со дијабетис.

Терапија на клавус и на клаус уреди

  • апликација на кератолитички средства(10-20% салицил во вазелин како маст или специјални фластери)
  • омекнување на хиперкератозата со 20-минутно киснење во топла вода, а потоа лупење на нејзините слоеви (киретажа)
  • отстранување на централното јадро на клавусот, по потреба и со локална анестезија
  • совет за нега на стапалата и користење козметички препарати и шмиргли по киснење во топла вода еднаш неделно
  • совет за носење адекватни чевли(меки, широки) и консулации со ортопед

Наследни кератодерми уреди

Ichthyosis vulgaris е заболување кое е наследно и се манифестира со појава на повеќе или помалку изразени рожести лушпи на површината на кожата.

Клиничка слика уреди

Се јавува кај мали деца и трае во текот на целиот живот. Покрај појавата на лушпи на непроменетата кожа, се јавува и намалена секреција на лијните и на потните жлезди, промени на ноктите и проретченоста на косата. Лушпите се јавуваат по целото тело, а задолжително на предилекционите места- надворешната страна на рацете и на нозете, особено на колената, лактите и трупот. За ова заболување е карактеристично тоа што промените не се јавуваат во аксиларните, кубиталните и поплитеалните јами, што е голема важност за разликување на оваа наследна кератоза од многуте ихтиози. Во зависност од количината на лушпите, се разликуваат повеќе клинички облици на ова заболување. Постојат облици кај кои кожата е многу сува у уна ситно, брашнесто, перутење, како и облици каде што кожата има дебели лушпи кои сеспроведуваат со кожа на змија, риба или на крокодил.

Терапија уреди

Терапијата може само да ги ублажи промените, но не и целосно да ги излечи. Задебелениот рожест слој се размекнува во када со топла вода, а потоа се аплицираат индиферентни масти или масла. Кај изразито дебели лушпи привремено треба да се аплицираат масти со кератолитици (5-10% маст со салицилна киселина).

Надворешни врски уреди