Кенет Греам

британски писател

Кенет Греам (англиски: Kenneth Grahame; 8 март 1859 — 6 јули 1932) ― британски (шкотски) писател. Најпознат е по „Ветрот во врбите“ (1908), класика на детската книжевност.

Кенет Греам
Греам во 1910
Роден/а8 март 1859(1859-03-08)
Единбург, Шкотска
Починат/а6 јули 1932(1932-07-06) (возр. 73)
Пенгборн, Англија
ПочивалиштеЦрква на Светиот крст во Оксфорд
Занимање
  • Писател за деца
  • банкар
Жанрфантазија
Значајни делаВетрот во врбите (1908)
Сопруг/аЕлспит Томпсон (в. 1899)
Деца1

Животопис уреди

Кенет Греам е роден на 8 март 1859 година во Единбург. Во 1864 година, неговата мајка починала од шарлах,[1] а три години подоцна татко му, кој имал проблем со пиењето, заминал за Франција, оставајќи ги своите три деца на грижа на неговата баба по мајка. Баба му живеела во Беркшир на брегот на Темза. Додека учел во Сент Едвард во Оксфорд, Греам бил извонреден ученик и сакал да се запише на Универзитетот во Оксфорд, но неговиот вујко, кој му бил старател, поради високите трошоци не му дозволил да го продолжи образованието. Како резултат на тоа, во 1879 година Греам се вработил Банката на Англија каде што работел до 1908 година.[2][3][4]

На 22 јули 1899 година, Греам се оженил со Елспит Томпсон. Тие имале еден син Алистер, роден предвреме на 12 мај 1900 година, болежливо и кревко момче, слеп на едното око. Токму за него Кенет Греам почнал да ги пишува и да му ги раскажува приказните за г-дин Жабец, кои подоцна биле подлога за книгата Ветрот во врбите.[5] На 7 мај 1920 година, Аластер се самоубил на 19-годишна возраст откако се фрлил под воз. Од почит кон неговиот татко неговата смрт била заведена како случајна несреќа.

Кенет Греам починал на 6 јули 1932 година и бил погребан во Оксфорд.

Книжевно творештво уреди

Уште во своите дваесетти години, Греам почнал да објавува есеи во лондонските периодични списанија. Дел од нив биле собрани и објавени во збирката Пагански трудови во 1894 година, а две години подоцна Златното доба. Потоа следувала книгата „Денови на соништата“ во 1898 година. Збирката „Денови на соништата“ ја содржи и приказната „Неволниот змеј“, врз основа на која компанијата Волт Дизни објавила цртан филм под исто име во 1941 година.

Има десетгодишен јаз помеѓу Денови на соништата и објавувањето на капиталното дело на Греам, Ветрот во врбите. Во текот на таа деценија, Греам станал татко. Непослушната, тврдоглава природа што ја забележал кај неговиот мал син Аластер, ја пренел во ликот на г-дин Жабец, еден од четирите главни ликови. Ликот во книгата познат како Стаорец бил инспириран од неговиот добар пријател и писател, сер Артур Квилер-Кауч. Греам го спомнува ова во потпишаната копија што ѝ ја дал на ќерката од Квилер-Кауч, Фој Фелисија. И покрај успехот на книгата, тој не се обидел да напише продолжение. Во книгата сè уште уживаат и возрасните и децата.[6] Поради ова биле направени многу филмски и телевизиски адаптации, а Жабецот и понатаму еден од најславните и најомилените ликови во литературата за деца. Во 1929 година, А.А. Милн ја напиша драмата Toad of Toad Hall, која се базира на еден дел од Ветрот во врбите, а во 1958 година ја освоила наградата Луис Керол. Во 1990-тите, Вилијам Хорвуд продуцираше серија продолженија.

Дела уреди

  • Пагански документи (1894)
  • Златното доба (1895)
  • Денови на соништата (1898), која ја содржи и „Неволниот змеј“ (1898)
  • Главатарка (1898)
  • Ветрот во врбите (1908), подоцна илустрирана од Е.Х. Шепард
  • Бертиевото бегство (1949), илустрирана од Е.Х. Шепард

Наводи уреди

  1. Peter Hunt, "Grahame, Kenneth (1859–1932)", Oxford Dictionary of National Biography (Oxford, UK: OUP, 2004) retrieved 8 July 2016.
  2. Nash Ford, David. „Royal Berkshire History“. berkshirehistory.com. Посетено на 30 October 2023.
  3. „Kenneth Grahame“. Fable.co. Посетено на 30 October 2023.
  4. „From Quill Pen to Computer: The Bank of England's Staff from 1694“. Bank of England Museum. Архивирано од изворникот на 21 февруари 2009. Посетено на 3 мај 2009.
  5. Robin & Valerie Bootle (1990). The Story of Cookham. private, Cookham. стр. 188. ISBN 0-9516276-0-0.
  6. „Newsweek's Top 100 Books: The Meta-List“. Посетено на 3 June 2010.