Качамак

традиционално јадење на Балканот и во Турција

Качамак[1], бакрдан[2] или бакрданик е вид на традиционално јадење кое воглавно се прави од пченкарно брашно.[3]

Качамак
Традиционален качамак од село Трница во прилог со кисело млеко и парче сирење.
Дел од оброкотглавно
РегионБалкан
Главни состојкипченкарно брашно
Варијантиповеќе

Ова јадење спаѓа во традиционалните јадења во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, и Турција. Во качамакот може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, месо, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, слатко млеко, шеќер и кајмак.[4]

За да се заштеди на брашно, се додава компир, кој се вари до неговото распаѓање и се соединува со брашното во хомогена смеса.

Слични јадења како качамакот постојат и во другите краеви на Балканот, но под разни називи како: мамалига, жганци, пура, палента и полента[5]. Во Италија и западните земји постојат слични јадења кои исто така се викаат palenta или polenta, додека на југот на САД се викаат grits.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Качамак“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „Бакрдан“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Kačamak za dug život
  4. Kačamak i proja za zdravije telo
  5. „Бакардан или качамак“. MiGusto.mk - Мој живот. Мојот вкус! (англиски). 2012-11-11. Архивирано од изворникот на 2017-09-01. Посетено на 2017-08-22.