Кастин (византионски епископ)

Кастин бил епископ на Византион во периодот од 230 до 237 година[1]. Негов претходник бил Киријак I, а негов наследник е Евгениј I. Во некои извори се среќава како Константин.

Кастин
Цариградски патријарси
Ракоположен230
Службата завршила237
ПретходникКиријак I
НаследникЕвгениј I

Тој имал функција во Рим и не бил христијанин. Христијанството го прифатил благодарение на епископот Аргиропол. По прифаќањето на христијанството, сето свое богатство го предал на сиромашното население и целосно се посветил на црквата. Тој ја изградил можеби првата црква во Византија во чест на Света Ефимија во областа на денешна Галата.

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 2012-04-25.