Карл XVI Густаф Шведски

крал на Шведска

 Кралот Карл Густаф од Шведска, роден на 30 април 1946 година. како Карл Густаф Фолке Хубертус, е монарх на чело на Кралството Шведска.

Детство и образование уреди

Тој е петто дете и прв син на принцезата Сибилa и принцот Густав Адолф.[1] Во времето на неговото раѓање, во Шведска владеел неговиот прадедо Густаф V. Неговиот татко загинал во авионска несреќа во близина на Копенхаген во Данска, на 26 јануари 1947 година, тоа го донесе на второто место во наследната низа за шведскиот трон.[1] Со смртта на неговиот прадедо, на тронот дојде дедото на Карл, Густав VI Адолф, а Карл Густаф го зазема првото место во наследната линија.[1]

По завршувањето на средното училиште, тогаш сè уште принц, Карл Густаф помина две и пол години во шведската армија и морнарица. Заврши студии по историја, социологија, политички науки и економија.

Владеење уреди

На 15 септември 1973 година Густаф Адолф умре и Карл Густаф стана крал на Шведска.[1] Устоличен е на 19 септември во Кралската палата во Стокхолм.[1] Густаф Адолф бил последниот шведски крал кој ја користел традиционалната титула монарх (Крал на Швеѓаните, Готите и Вендовите), која се користи уште од воспоставувањето на наследната монархија од 1544 година, откако Карл Густаф реши да ја користи поедноставната титула, крал на Шведска.

Семејство уреди

За време на Олимписките игри во 1972 г. Карл кој сè уште бил принц, ја запознал Силвија Сомерлат.[1] Ја објави својата свршувачка со Силвија на 12 март 1976 година.[1] Свадбата се одржа три месеци подоцна, на 19 јуни, во катедралата Сторкуркан во Стокхолм.[1] Тоа било првата свадба на шведски монарх од 1797 година (повеќето претходните монарси дојдоа на тронот одкако стапија во брак). Ако кралот Карл Густаф се оженил со Силвија за време на животот на неговиот дедо, тој ќе го изгубил своето место во наследната линија, бидејќи Густаф Адолф верувал дека принцот мора да се ожени со принцеза. Од истата причина, во истата година, вујкото на Карл се оженил со Велшанка со скромно потекло и со неа бил во врска со децении.

Кралот и кралицата имаат две ќерки и еден син, синот бил наследник на тронот од неговото раѓање.[1] Меѓутоа, уставната реформа која требаше да воведе еднаквост, според која најстарото дете, без разлика на полот, е престолонаследник, веќе беше започната во моментот на неговото раѓање. Оваа реформа го направи најстарото дете на кралот, принцезата Викторија, наследничка на тронот.[1] Шведска беше првата монархија во светот која воспоставила еднаква првородност. Викторија во 2010 се омажи со Даниел, војводата од Вестерјетланд .

Кралското семејство ја користи палатата Дротнингхолм како своја резиденција од 1980 година, а Стокхолмската кралска палата како работно место.[1]

Брачен другар (сопруга) уреди

Име слика Дата на раѓање
Силвија од Шведска
 
23 декември 1943 година

Деца уреди

Име слика Дата на раѓање брачен другар
Викторија,

престолонаследничка

на Шведска

 
14 јули 1977 година Принцот Даниел, војводата од Вестерјетланд
Карл Филип од Шведска
 
13 мај 1979 г Софија Кристина Хелквист
Медлин од Шведска
 
10 јуни 1982 година Кристофер О'Нил

Улога на монархот уреди

Должностите на кралот се од претставителен и церемонијален карактер, како што се официјалните посети на шефот на државата и отворањето на годишната седница на парламентот. Интересите на кралот ги вклучуваат технологијата и земјоделството, а најмногу автомобилите. Летото 2005 кралот имал мала сообраќајна несреќа.[2]

Новинарите многупати забележале дека кралот погрешно го пишува своето име (во официјалните документи) и за време на посета на рудник за бакар кога погрешно се потпишал на камен. Неговата сопруга, кралицата Силвија, во телевизиско интервју признала дека нејзиниот сопруг боледува од дислексија, нарушување на вештините за читање и пишување.

Наводи уреди

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 „Званична страница шведске краљевске породице“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2021-11-06.
  2. [1] Архивирано на 3 октомври 2012 г., Посетено на 8. 4. 2013.

Надворешни врски уреди