Карипци

поранешно село во Солунско, Егејска Македонија

Карипци (грчки: Χλωρονομή, Хлорономи; до 1927 г. Καρίπτσια, Карипција[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.

Карипци
Χλωρονομή
Карипци is located in Грција
Карипци
Карипци
Местоположба во областа
Карипци во рамките на Даутбал (општина)
Карипци
Местоположба на Карипци во општината Даутбал и областа Централна Македонија
Координати: 40°46.0′N 23°1.0′E / 40.7667° СГШ; 23.0167° ИГД / 40.7667; 23.0167
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаДаутбал
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Лагадинското Поле, северозападно од Лагадина. Местото се наоѓа крај денешнит автопат СолунДраготин (А25). Најблиски населени места се Ракли на југоисток и Ајватово на југозапад.

Историја уреди

Во 1797 г. се спомнува потурчувањето на Македонецот Јане Митрев (Јано Митре) од селото Карипци, Лагадинско.[2][3]

Оваа населба порано била турски чифлик, за првпат попишан во 1920 г. со 354 жители.[4]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На ова место дошле грчки доселеници што основале нова населба. Во 1927 г. местото е преименувано во Хлорономи. Во 1928 г. во селото се попишани 212 жители.[4]

Поради неповолните услови за живот населбата почнала постепено да се распаѓа. Карипци за последен пат е попишано во 1940 г. со 48 жители. Селото е наполно напуштено некаде во 1940-тите бидејќи отсуствува од повоените пописи.[4]

Наводи уреди

  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. Нарекувајќи го „Бугарин“
  3. Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 132.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 326. ISBN 9989-9819-6-5.