Кал (италијански: Fango) — книга на италијанскиот писател Николо Аманити од 1996 година.

Содржина уреди

„Кал“ е збирка составена од шест раскази и новелата, „Последната Нова година“.[1]

Осврт кон романот уреди

Во збирката „Кал“ авторот ги обработува темите на љубовта, сексот и насилството. Во расказите се претставени сурови ликови кои живеат на маргините на општеството, успешни деловни луѓе кои во себе кријат мрачни тајни, убави девојки кои го користат своето тело за да напредуваат во општеството. Според „Обзервер“, во прозата на Аманити се мешаат ужасот и црната комедија, нудејќи калеидоскоп од филмски, восхитувачки слики. [2]

Наводи уреди

  1. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 14.