Калуѓерица (Леринско)
Калуѓерица (грчки: Καλογερίτσα, Калогерица) – раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2001 година селото броело 5 жители, а според оној од 2011 година нема повеќе жители.
Калуѓерица Καλογερίτσα | |
---|---|
Координати: 40°45′N 21°21′E / 40.750° СГШ; 21.350° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Лерин |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Трсје |
Надм. вис. | 1,096 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 0 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија уреди
Селото се наоѓа на 6 километри југозападно од општинскиот центар Лерин, во источниот дел на Нередска Планина.
Историја уреди
Селото се споменува уште во XV век во османските документи како хас со 23 семејства на Мустафа-бег, син на Тургут-бег.[2] Името му доаѓа од разрушениот манастир во неговата близина[3]
Во периодот 1913-1928 година населението достигнало 130 жители. Поголемиот дел од жителите се антигрчки расположение според државната безбедност. Граѓанската војна не повлијаела на демографскиот развој.[4]
Пописи уреди
Движењето на населението според спроведените пописи е следно:
- 1920 - 114 жители
- 1961 - 131 жител
- 1971 - 41 жител
- 1981 – 63 жители
- 1991 – 15 жители
Наводи уреди
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Турски документи. Цитирано по:Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Βέροιας 1886 - 1927 (διοικητικά όρια 1911)
- ↑ Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија. Скопје. стр. 155.
- ↑ „Η περιοχή Φλώρινας (Λέριν) / Florina (Lerin) γεωγραφία της ιστορίας“. Архивирано од изворникот 2013-01-02. Посетено на 2013-01-02.