Калеља (каталонски: Calella) — приморски град на Коста дел Маресме, 58 километри североисточно од Барселона, во Каталонија, Шпанија. Се наоѓа на брегот помеѓу Сант Пол де Мар и Пинеда де Мар. Пред развојот на туризмот во 1960-тите, стопанската активност на градот главно била насочена на текстилот и рибарството.

Калеља
Calella
Општина
Поглед кон светилникот во Калеља
Поглед кон светилникот во Калеља
Грб на Калеља
Калеља is located in Catalonia
Калеља
Калеља
Местоположба во Каталонија
Координати: 41°36′46″N 2°39′27″E / 41.61278° СГШ; 2.65750° ИГД / 41.61278; 2.65750
Држава Шпанија
Авт. заедница Каталонија
ПокраинаБарселона
КумаркаМаресме
Управа
 • ГрадоначалникМонтсерат Кандини и Пуиг (CiU)[1]
Површина
 • Вкупна8,01 км2 (309 ми2)
Надм. вис.&100000000000000050000005 м
Население (2007)
 • Вкупно18.034
 • Густина23/км2 (58/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Мреж. местоcalella.cat

Градот е препознатлив од југозапад со светилникот, кој бил изграден во 1859 година, и двете кули познати како „Лес Торетес“ (Les Torretes), кои се остатоци на оптички телеграф изградени во средината на XIX век.

Наводи уреди

  1. „Ajuntament de Calella“. Generalitat of Catalonia. Посетено на 2015-11-13.

Надворешни врски уреди