Казма[1][2] или кирка[3][4]рачна алатка во облик на Т што се користи за копање и како лост. Главата, делот што се користи за копање, е типично метална, прикачена нормално на подолга рачка, традиционално направена од дрво, понекогаш од метал и сè повеќе од фиберглас.

Казма
Казма на земја
Други називиКирка
КласификацијаАлатка за копање
ВидовиРударска казма
СродноМотика

Стандардна казма, има зашилен крај на едната страна од главата и широко рамно сечило „секира“ на другата страна. Главата е постепено закривена од едниот до другиот крај. Казмата доста често се изработува со две шила, едното малку подолго од другото.

Зашилениот крај се користи и за кршење и како лост, рамното сечило се користи како мотика, за гребење на слоеви и за пробивање низ корените.

Развиени како земјоделски алатки во праисторијата, овие алатки еволуирале во други алатки како што се плугот и копачот. Тие исто така се користеле во градежништвото и рударството и биле прилагодувани за војување.

Историја уреди

Во праисторијата, голем еленски рог од соодветен вид (на пр. црвен елен) често се сечел до неговата основа и се користел како казма со еден крак,[5] а со него понекогаш се користела и плешка на големо животно како примитивна лопата. За време на војна во средновековни времиња, казмата се користела како оружје.

Наводи уреди

  1. „казма“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „казма“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „кирка“Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „кирка“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  5. „Deer-antler pick, used in flint mining from Grimes Graves“. ingenious.org.uk. Посетено на 6 July 2012.

Надворешни врски уреди