Кадан Ана џамија - Штип

Џамијата Кадан Анамуслимански храм кој се наоѓа во Штип, Македонија. Џамијата се наоѓа во составот на Штипското муфтиство.

Кадан Ана џамија
Основни податоци
МестоШтип, Македонија
Припадностислам
ЕпархијаОпштина Штип
Осветен19 век
Духовно-организациски статусактивна
ВодствоШтипско муфтиство
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија

Кадин Ана Џамија е главен верски објект на муслиманската популација во Штип. Додека џамијата Хуса Медин Паша има историско значење, Кадин Ана џамија е во употреба и служи како објект во кој припадниците на исламската вероисповед ги извршуваат своите муслимански верски обичаи. Изградена е во 19 век, но прецизни податоци за тоа нема. Првобитната форма и надворешност на џамијата се променети, со оглед на естетските градежни зафати што биле преземени пред неколку години[1].

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-27. Посетено на 2015-09-07.