Историја на Маите

Историјата на Маите опфаќа период од 10 век п.н.е. па сè до шпанската колонизација на Америка. Историјата на Маите е поделена на три главни периоди: предкласичен период, клаичен период и посткласичен период.

Предкласичен период уреди

Мајанската територија била населене во 10 век п.н.е. Скорешни откритија во Белиз забележале мајанско населено место кое датирало до 2600 п.н.е.[1][2] Сепак, пошироко е прифатена тезата дека маите ги населиле тие простори во 1800 година п.н.е. во регионот Соконуско. Овој период познат како ран предкласичен период е карактеристичен по појавата на грнчарството[3].

Важни мајански градови во јужните рамничарски предели се Накбе, Ел Мирадор, Кивал и Сан Бартоло. Покрај овие, градовите Изапа, Такалик и Чокола во 600 п.н.е. биле главните производители на какао. Првиот мајански натпис датира од овој период. поточно од 250 п.н.е.[4]

Помеѓу научната јавност постои несогласување околу прашањето до каде се протегале физичките, а до каде културните граници на Маите. Во натписите од овој период се забележува заемно влијание помеѓу Маите и околните антички цивилизации[5].

Класичен период уреди

Рушевини во Паленке.

Класичниот период (од 250 до 900 година) е период на голем развој на мајанската цивилизација, висок степен на урбанизација, градење на споменици и натписи и ова е период на значаен интелектуален и уметнички развој, особено во јужните предели на мајанската територија[6]. Тие го развиле земјоделството и се развиле повеќе независни градови-држави. Такви значајни градови-држави биле Тикал, Паленке, Копан и Калакмул, но исто така опстојувале и некои помали како на пример Дос Пилас, Уашактун, Алтун Ха и Бонампак. Северните предели не се многу познати за денешната наука како јужните, но сепак тука се откриени значајните Ошкинток, Чунчукмил и Ушмал.

Најзначајните спомениви се скалестите пирамиди. Тие биле градени во религиозните центри заедно со палатите на владетелот на кралството. Палатата во Канкиен е најголема, иако огромното археолошко наоѓалиште нема пирамида. Покрај палатите и пирамидите, знчајни се изгравираните камени плочи наречени стели или на мајански тетун, на кои се пишувал текст со мајанско писмо со различна тематика[7].

Мајанската цивилизација учествувала долг период во трговијата во Средна Америка и општела со околните цивилизации: Теотивакан, запотечка цивилизација и останати околни цивилизации, како од Средна Америка така и од Карибите. Исто така, археолозите пронашле злато од Панама во Чичен Ица[8]. Маите тргувале во какао, сол, морски школки и жад.

Падот на Маите уреди

Поради сè уште непознати причини, мајанските градови од јужните предели пропаднале во 8 век и 9 век и накратко биле комплетно напуштени. Падот бил проследен и со значително намаление на создавање на мајански натписи. Иако сè уште нема општоприфатлива теорија за причините и падот на Маите, денешните историчари и научници имаат создадено повеќе теории за овој феномен и се делат во две групи: еколошки и нееколошки причини.

Нееколошките теории за падот на Маите се поделени на неколку поткатегориим како на примнер, пренаселеност, странски напад, револт на населението и пад на клучните трговски патишта. Еколошките хипотези за падот на Маите се делат на еколошки катастрофи, зарази и климатски промени. Како и да е, има докази дека Маите се соочувале со потешкотии во земјоделството, а особено имале проблеми со ловот[9]. Некои научници излагаат со понови теории за 200 годишна суша во тој регион што резултирала со колапс на Мајанската цивилизација[10]. Теориите за сушата се засноваат на истражувања на почвата околу копнените водени површини и испитување на почвата воопшто[11].

Пост-класичен период уреди

За време на пост-класичниот период (од 10 век до ран 16 век), развојот на северните градски центри продолжил и е карактеризиран со зголемување на различноста во општествата и надворешни културни влијанија. Мајанските градови во Јукатан продолжиле со својот развој уште неколку векови после големиот пад на јужните предели и меѓу главните градови биле: Чичен Ица, Ушмал, Еѕна и Коба. По падот на владеачките династии во Чичен и Ишмал, Мајапан владеел со целиот Јукатан сè до револтот во 1450 година. Подоцна, ова кралство се намалило и опстојувало како град-држава сè до шпанската колонизација на Јукатан.

Маите од Ица, Ковох и Јалаин од Централен Петен го преживеале падот на класичниот период и до 1250 година се обединиле и создале градови-држави. Ица Маите како свој центар го имале Тајасал или познат како Нох Петен. Тој владеел со територијата околу езерото Петен. Ковох Маите за свој главен град го имале Киче и е познат по најголемиот извор на мајанска митологија, Попол Вух. Покрај овие, позначајни кралства биле оние на Мамите, Какчикелците, Чахомаците и Чухците[12].

Колонијален период уреди

Кратко после неколку мали експедиции, Шпанците започнале воени походи за освојување на териториите на Маите и основале колонија на територијата на Маите во Јукатан и во Гватемала. Оваа кампања наречена Шпанска колонизација на Јукатан била тешка задача за шпанските конкистадори и им требало околу 170 години за да воспостават комплетна шпанска контрола на таа територија.

За разлика од Ацтеките и Инките, Маите немале еден единствен политички центар, што би овозможило Шпанците со еден напад да ја освојат цела територија. Наместо тоа, Шпанците биле приморани да ги освојуваат секој град-држава поединечно. Повеќето од колонизаторите биле мотивирани од идејата дека ќе пронајдат големо богатство во освоените градови како на пример злато и сребро, но сепак мајанските предели биле сиромашни. Но тоа не влијаело демотивирачки, туку Шпанците се заинтересирале за освојување на другите империи во Перу и Мексико.

Шпанската црква и шпанските власти ги уништиле мајанските записи и со тоа за секогаш го уништиле знаењето на Маите. За среќа зачувани се три книги од класичниот мајански период[13]. Последните мајански кралства Тајасал и Закпетен биле освојувани и ослободувани сè до 17 век кога подоцна биле засекогаш уништени во 1697.

Наводи уреди

  1. http://www.nature.com/nature/journal/v260/n5552/abs/260579a0.html
  2. http://ambergriscaye.com/pages/mayan/mayasites.html
  3. Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. .47.
  4. „HISTORY OF WRITING and RELIGION“. Архивирано од изворникот на 2016-04-23. Посетено на 2009-07-01.
  5. Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. 63–64.
  6. Coe, Michael D. (2002). The Maya (6. изд.). Thames & Hudson. стр. . 81.
  7. „Maya Art Return“. Посетено на 2006-12-25.
  8. Види Coggins (1992).
  9. „University of Florida study: Maya politics likely played role in ancient large-game decline, Nov. 2007“. Архивирано од изворникот на 2014-11-12. Посетено на 2009-07-01.
  10. Gill, R. (2000). The Great Maya Droughts. Albuquerque: University of New Mexico Press. ISBN 0826321941.
  11. Hodell, David A.; Curtis, Jason H.; Brenner, Mark (1995). „Possible role of climate in the collapse of Classic Maya civilization“. Nature. 375 (6530): 391–394. doi:10.1038/375391a0.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  12. Love 2007, p.305. Sharer 2006, pp.621, 625.
  13. "The Ancient Maya", Robert J. Sharer, Loa P. Traxler Contributor Loa P. Traxler, p126, Stanford University Press, 2006, ISBN 0-8047-4817-9

Поврзано уреди