Информациски систем за автоматско управување со судски предмети

Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS, АКМИС) е името на информацискиот систем кој се користи во судската власт на Република Македонија. Во употреба е од 2009 година [1]. Изработувач на системот е компанијата „Едусофт“ од Скопје [2]. Системот овозможува:

  • Заведување на судските предмети
  • Автоматска распределба на предметите по судии
  • Движење на предметите
  • Управување со документи (пресуди, записници, наредби, писма, покани, доставници)
  • Заведување на жалби и вонредни правни лекови
  • Создавање складиште на статистички податоци за евалуација на судиите
  • Заведување на надворешни фајлови [3]

Наводи уреди

  1. „Презентација на апликацијата АКМИС пред Министерот за правда Михајло Маневски и Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски“. www.edusoft.com.mk. 2008-12-15. Посетено на 2012-12-25.[мртва врска]
  2. „Едусофт потпиша договор со USAID JRIP за имплементација на апликацијата АКМИС“. www.edusoft.com.mk. 2008-01-09. Посетено на 2012-12-25.[мртва врска]
  3. „ACCMIS– ICT ENABLED RANDOM CASE ASSIGNMENT“. Посетено на 2012-11-16.