Институт за небесна механика и пресметка на ефемериди

Институтот за небесна механика и пресметка на ефемериди (IMCCE), кој се наоѓа во рамки на Опсерваторијата во Париз, беше основан во 1998 година за да ја замени поранешната Служба за пресметки и небесна механика на Бирото за меридијани, со којaшто сепак останува поврзан.

Овој институт ја има мисијата за објавување на националните службени ефемериди (ефемериди во астрономијата се календари со пресметана положба на ѕвездите за определен период, на пр. положбата на некоја ѕвезда во јануари) и истражувачката мисија во областите на небесната механика.

И повеќе, институтот разви активности за информирање на јавноста (вклучително  информации од  астрономијата), за образованието и обука. Тој стои зад бројни публикации околу резултатите од своите истражувања, но исто така и бројни информативни документи. Овие публикации вклучуваат Познавањето на Времето и Водичот за астрономски податоци.

Поврзано уреди

Поврзани Статии уреди

[Уреди] надворешни врски уреди