Индијана Џонс и храмот на проклетството

„Индијана Џонс и храмот на проклетството“ (англиски: Indiana Jones and the Temple of Doom) — филм на режисерот Стивен Спилберг од 1984 година. Главните улоги ги играат: Харисон Форд, Кејт Кепшо, Ке Хју Куан и Амриш Пури.

Содржина уреди

Во 1935 година, Индијана Џонс се наоѓа во Индија каде се среќава со припадниците на една тајна секта. Тој се здружува со една пејачка во ноќен клуб (ја игра Кепшо) и со 12-годишно кинеско дете (го игра Куан) и заедно одат во едно зафрлено село. Селаните веруваат дека лошите сили им ги грабнале децата по кражбата на нивниот свет камен. Меѓутоа, храмот е полн со смртоносни стапици и крие мрачни тајни. Индијана Џонс и неговите другари мора да ја запрат опасната секта коај верува дека ќе завладее со светот. Притоа, Индијана Џонс мора да ги спаси и грабнатите деца и да ги избегне опасностите во храмот.[1]

Наводи уреди