Инанли (Валовишко)

Инанли или Долно Инанли (грчки: Κάτω Αμπέλα, Като Амбела; до 1926 г. Κάτω Ινανλή, Като Инанли[2]) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 219 жители (2011).

Инанли
Κάτω Αμπέλα
Инанли is located in Грција
Инанли
Инанли
Местоположба во областа
Инанли во рамките на Синтика (општина)
Инанли
Местоположба на Инанли во општината Синтика и областа Централна Македонија
Координати: 41°13′N 23°25′E / 41.217° СГШ; 23.417° ИГД / 41.217; 23.417
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСерски
ОпштинаСинтика
Општ. единицаВаловишта
Надм. вис.&10000000000000140000000140 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно219
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото е сместено во западното подножје на планината Шарлија, на 2 км јужно од градот Валовишта, на надморска височина од 140 м.[3] Се дели на две маала - Горно и Долно Инанли.

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Инанли бил турско село во Демирхисарската (Валовишка) каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Инанли (Inanli) имало 16 домаќинства со 40 жители муслимани.[4]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Инанли имало 260 жители Турци.[5]

Во Грција уреди

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 273 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 122 лица.[3]

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 44 бегалски семејстви (вкупно 172 бегалци), така што селото станало бегалска населба.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Като Амбела (Κάτω Αμπέλα).[2]

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 326 жители.[3]

Стопанство уреди

Населението произведува памук, жито и други земјоделски производи.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 326 210 310 196 137 201 184 219
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Валовишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Синтика, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Валовишта, во кој влегуваат истоимениот град и селата Валовишка Бања, Герман, Елешница и Герман.

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 29 март 2024.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 192.
  4. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 134–135. ISBN 954-8187-21-3.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 185. ISBN 954430424X.