Илирика Инвестментс АД Скопје

Илирика Инвестментс АД Скопје е водечка брокерска куќа во Македонија, која нуди квалитетни брокерски услуги и корпоративно финансирање и специјализира во менаџирање на средствата на инвеститорите. Во своето работење се темели пред сè на доверба и сигурност. Таа ја следи стратегијата за инвестирање на ниво на групација, која во својата дваесет годишна историја ги има докажано своите резултати.

Инвестициски фондови уреди

Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје е првото друштво за управување со инвестициски фондови во Република Македонија формирано во 2007 година и е дел од групацијата ИЛИРИКА. Друштвото е основано како акционерско друштво со основачки капитал од 500.000 евра во денарска противвредност и во целост е уплатен.

Илирика Фунд Менаџмент ги основаше првите инвестициски фондови во Македонија, потоа почна со менаџирање на поединечни портфолија и во 2013 го формираше новиот Илирика Кеш Фонд.

  • Илирика Југоисточна Европа*(Илирика ЈИЕ) е еден од првите македонски отворени инвестициски фондови. Инвестициската политика на фондот е насочена кон остварување натпросечен принос преку инвестирање во акции на компании во земјите на Југоисточна Европа (ЈИЕ) кои ги вклучуваат пазарите на земјите од поранешна Југославија и од поширокиот Југоисточен Регион. Фондот може да вложува и во земјите членки на ЕУ , ОЕЦД и Молдавија.Со цел да се искористат профитабилно информациите, најголемиот дел од вложувањата се инвестираат на капиталниот пазар во Македонија.Сето ова со цел оптимална диверзификација на портфолиото и според тоа намалување на ризикот.Фондот е основан на ден 26.10.2007 година врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија бр. 07-2268/9 од 26.10.2007 година. Фондот е основан на неопределено време.[1]
  • Илирика Глобал Растечки Пазар* е основан и управуван по примерот на Илирика Глобал од Словенија. Фондот инвестира во акциите на некои од најголемите компании во светот како Apple, Elly Lilly, Chevrolet и други. Фондот е основан на ден 31.10.2007 година врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија бр. 07-2267/11 од 31.10.2007 година. Фондот е основан на неопределено време. Неговата инвестициска политика е стремеж кон постигнување висок раст со инвестирање во компании сместени во глобалните и развиени земји, а дел и во балканските земји.[2]
  • Илирика Кеш Фонд* е различен тип на вложување каде што средствата се вложуваат штедни депозити и обврзници . Тој нуди фиксен принос проектиран меѓу 3,5% и 5% на годишно ниво и исплата на главницата и каматата во 24 часа. За разлика од акциските фондови на ИЛИРИКА, Кеш Фондот претставува замена за штеден депозит со супериорен принос и ликвидност, но искуството покажува дека акциските фондови на долг рок се далеку по приносни. Фондот е основан на ден 05.02.2013 година врз основа на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија бр. 1 08-221 од 28.12.2012 година. Фондот е основан на неопределено време [3]

Берзанско работење уреди

Основна дејност на Илирика Инвестментс АД Скопје е работење со хартии од вредност.Во рамките на својата дејност, Илирика Инвестментс прима и реализира налози на своите клиенти за купување и продавање на хартии од вредност со кои се тргува на Македонска берза на хартии од вредност. Таа е овластена членка на Македонската Берза од 2005. Друштвото ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари. Хартиите од вредност каде што Фондот ги инвестира средствата се од издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве земји: Република Македонија, земји-членки на ЕУ и ОЕЦД и земји што не се членки на ЕУ и ОЕЦД ( Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Украина).[4]

Корпоративни финансии уреди

Покрај конвенционалното бокерско работење, ИЛИРИКА нуди широка палета на услуги од полето на корпоративни финансии. Друштвото поседува специјалистички капацитети во котирање на нови компании. Илирика ги врши правните и регулативните обврски и се јавува како покровител да ја понуди котираната компанија на пазарот на најдобар начин за привлекување на инвеститори. Меѓу нашите успешни проекти можеме да ги наведеме Благој Ѓорев, Фруктал МАК и Технокомерц. Во рамките на корпоративните финансии, покрај котизацијата на берза, Илирика врши услуги од типот на спојувања на две или повеќе компании во една која ќе поседува поголем пазарен удел и поконкурентни способности, како и преземања на веќе постоечко препријатие кое ги веќе ги поседува сите капацитети кои се бараат.Исто така,фондот нуди услуги од типот на анализа и инвестициско советување, застапување на акционерски собрание, и изработка на бизнис план и советување.[5]

Награди и признанија уреди

Своето успешно работење Илирика го докажува и преку многубројните остварувања и награди меѓу кои награда за Најдобар Глобален Фонд во Словенија, престижната награда Златен Удел за Хрватскиот фонд Илирика Југоисточна Европа - за најуспешен фонд во Хрватска во период од 3 години (2005-2007). Основање на Илирика Растечки Исламски Фонд – во Босна и Херцеговина, Златен фонд во Хрватска, први од ваков тип на Балканот, како и успешни преземања на инвестицискте фондови Erste, Delta Plus и Delta Dynamic во Србија.

Наводи уреди

  1. „Илирика-Југоисточна Европа“. Архивирано од изворникот на 2014-01-05. Посетено на 2014-02-05.
  2. „Илирика-Глобал растечки пазари“. Архивирано од изворникот на 2014-01-05. Посетено на 2014-02-05.
  3. „Илирика-Кеш фонд“. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2014-02-05.
  4. „Илирика-Берзанско работење“. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2014-02-05.
  5. „Илирика-Корпоративни финансии“. Архивирано од изворникот на 2014-01-05. Посетено на 2014-02-05.

Надворешни врски уреди